Сите пет експерти од правен се ПРОТИВ ЗАКОНОТ ЗА ЈО НА ДЕСКОВСКА


Додека министерката за правда, Рената Дескоска, брани партиски ставови во Собранието, нејзините колеги професори со факти и ги побиваат тезите.

Во Собранието за време на Комисиската расправа по однос на законот за јавно обвинителство, од собраниската говорница се обратија Гордана Силјановска Давкова, Гордан Калајџиев, Никола Тупанчевски, Тања Каракамишева и Александар Климовски, сите универзитетски професори со стручни ставови.

Наспроти нив, стоеше Дескоска со ставовите на СДСМ, кои од фелата беа побиени со стручни анализи и факти.

Тупанчевски во однос на предлог законот за Јавно обвинителство посочи дека законот има крупни номотехнички грешки и создава правна несигурност

-Членот 32 од предлог законот е каде што се уредуваат надлежности на ОЈО за организиран криминал и корупција, во еден ист член се користат 4 различни техники за типот на кривичните дела. Значи став 1 се однесува за злосторничко здружение, понатаму времетраењето, значи првиот стандард зборувам за цела наука, доктрина не би требало во еден член 4 пати различно да се настапува во елементи бидејќи се проудицира правна несигурност, вели професорот Тупанчески.

Универзитетската професорка по уставно право Гордана Силјановска Давкова на јавна расправа за Законот за Јавно обвинителство посочи дека член 109, став 1 и став 2 е потребно да се корегираат бидејќи директно се мешаат во Советот на јавни обвинители.

-Член 109 апсолутно и став 1 и став 2 не им е место во Законот за јавно обвинителство, зошто значи директно мешање на законот во работата на советот на јавни обвинители. Имено во рок од 30 дена од влегувањето на сила на овој закон се вели дека Основно јавно обвинителство ќе донесе одлука за зголемување на бројот на јавни обвинители за гонење на висок криминал, не може закон тоа да надреди, тоа е нивна работа врз основа увидот на јавните обвинители и мислам дека ова не е страшно да се корегира. И втората се вели дека во рок од 15 дена од донесувањето на одлуката од ставот 1, Советот на јавни обвинители ќе распише оглас, ниту ова не може во овој закон да го пишува, бидејќи не е работа на овој закон, изјави Силјановска Давкова.

Свои забелешки на предлогот на законот за јавното обвинителство на јавната дискусија организирана во Собранието на Македонија изложи и проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска, професор по Уставно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

-Предлог законот е лоша имитација на оној од 2007 година, да беше реформски ќе имавме сосема нов закон, а не лоша компилација од претходниот за кој имаше забелешки од Венецијанската комисија и истите да бидат вметнати во овој закон. Полтронско вметнување на одредби од забелешките од 2007 год. Ќе ви дадам еден пример ако, некоја девојка во 2007 побарала мислење од моден креатор за облека, дали после 13 години кога таа е веќе оформена жена би ја носела таа креација. Сметам дека предлагачот го користи овој закон да ги вдоми кадрите на СЈО, рече
Каракамишева.

Таа додава дека законот е против уставен и дека во ваква верзија не треба воопшто да се носи, туку да се изработи нов закон.

-Кога сме кај почитување на правото, ме интересира дали за овој предлог на закон е испочитуван Деловникот на Собранието, односно дали овој предлог на закон е официјално доставен до Собранието? Познато е дека за да има јавна дискусија предлогот на законот требал да помине прво читање во законодавно-правната комисија како матично работно тело. Седница на Собранието за прво читање на предлог на закон се одржува во рок од десет работни дена од денот на донесувањето на решението за свикување на седницата, но не подолго од 20 работни дена од денот на доставувањето на предлогот на законот до пратениците. Според член 144 од Деловникот, по општата расправа Собранието одлучува дали предлогот на законот може да се даде на второ читање. Ако Собранието одлучи дека предлогот на законот е прифатлив и може да се даде на натамошно читање се продолжува со законодавната постапка. Според член 145 за предлогот на закон кој е од поширок интерес, Собранието по општата расправа, може да одлучи по тој закон да се спроведе јавна дискусија и да определи матично работно тело што ќе ја организира јавната дискусија. Прашањето ми е зошто не е почитувана деловничката процедура, праша Каракамишева.

За професорот Александар Климовски работниот текст на законот е спротивен на Уставот, како и претходно законот за СЈО. За него носењето на овој закон нема врска со евроинтеграцискиот процес и не е услов за добивање датум. Тоа прашање, според него, ќе биде отворено кога ќе започнат разговорите за поглавјето за правосудство.

Во делот на стручните забелешки за содржината на законот, Климовски упати критики за повеќе членови кои се однесуваат на нееднаквиот третман на јавните обвинители, именувањето и изборот на јавните обвинители и други членови. Во делот на изборот на обвинители кажа дека на тоа треба да имаат право и професори по право, особено на правосудни предмети и адвокати со долгогодишно искуство.

Универзитетскиот професор по право Гордан Калајџиев на јавна дискусија за Предлог законот за ЈО остро искритикува дека се смешни и дилетански одредбите во законот како и дека продолжувањето на постапките не е нова сезона од серијата „Френдс“.

-Не ми е јасно што беше толку важно во овие неколку случаи за „Поштенска банка“, „Империја“ и останати за кои по мене се незаконски поведени, за да се одолговлечат и да се обезличат за да не згаснат тие спорни истраги, што беше толку важно за да се одолговлечат сите останати постапки за овие случаи ? – праша Кајалџиев.

-За оваа непотребна жртва која резултираше со фијаско во евроинтеграциите, резултираше во фијаско во донесување на законот . И во овој предлог закон има неколку многу нејасни одредби постапките ако тоа е идејата да продолжат истрагите, член 108 вели дека постапките треба да продолжат, WOW што е ова нова сезона на „Friends“, зошто обвинителот не го покаже писмото од Катица Јанева, и јас ќе го повикам уште еднаш обвинителот да го покаже писмото, зошто Катица не е суспендирана и тогаш и сега пишува кога ќе одела во притвор ќе се суспендирала, како можела Катица да му ги даде предметиите на Марко, а можела да ми даде на Јовески?, праша Калајџиев.

Тој вели дека кога ќе згасне овој закон за СЈО има суштински гаранции, не може да ги дадете само на друго обвинителство, се сложивме дека не може овој предлог закон да го згасне законот за СЈО, таму има последици и за обвинителите, не смее да се заборави дека има и стручни служби кои треба да бидат распределени во овој предлог закон не се гледа нивната судбина.

Тој остро искритикува дека постапките кои се спорни не може политички субјект да ги воскресне, дека се смешни и дилетански одредбите во законот за Европската конвенција чии одредби требало да ги имплементира сега новото обвинителство.


ВЕЧЕР

Повеќе