Акад. Митко Маџунков – Метонимискиот карактер на Македонија

Македонското прашање не е политичко прашање, како што е поставено сега, и затоа не е решено – тоа е народно прашање, кое ќе го снема тогаш кога ќе го снема македонскиот народ. Светот не го знае тоа, ниту го интересира, но Грците и Бугарите добро го знаат тоа и мошне се заинтересирани, а истото тоа важи и за Србите, на чиј „дел“ (рамноправен со грчкиот и бугарскиот по делбата во 1913 година) е создадена современата држава Македонија. Тоа го знаат и Албанците. Прашање е само колку го знаат тоа самите…

Повеќе...

Собраниска пародија поради Заевиот недостиг на 2/3 пратеници за законот за ЈО

Недостигаат гласови за донесување на законот за јавно обвинителство. Според извори од раководството на СДСМ, тоа е причината поради која се одолговлекува почетокот на собраниската седница, на која треба да почне расправата за законите за јавно обвинителство, за чие донесување се потребни најмалку 80 гласа и за законот за Совет на јавни обвинители, кој не е двотретински, ама е поврзан со планираната реформа во Обвинителството за гонење организиран криминал, известува „360 степени.“ Извори од СДСМ за порталот велат дека бројката на гласови што недостигаат не е за потценување и прашање…

Повеќе...

Независниот академски синдикат: Собранието да расправа за покачувањето на платите

Независниот академски синдикат (НАкС) испрати барање за средба со пратеникот Влатко Ѓорчев, претседател на Комисијата за труд и социјална политика, пред одржувањето на закажаната седница на Комисијата во 14 часот, со цел да ја образложат уште еднаш важноста од усвојувањето на законот за дополнување на Законот за исплата на платите во земјата по скратена постапка. Одговор на барањето не добиле, а во меѓувреме седницата на Комисијата повторно е одложена. – Апелираме уште еднаш за итно закажување расправа во матичната Комисија, со што ќе се откочи процедурата за усвојувањето на законот,…

Повеќе...

Пит Бутиџиџ не е агент на ЦИА, наспроти теориите на заговор

Историјата на агенцијата со аматерско и крваво справување со странските операции ја прогонува американската политика Автор: Џастин Линг Форин полиси Тесната победа на американскиот претседателски кандидат Пит Бутиџиџ на гласањето во Ајова на почетокот од месецов на крајот прерасна во пирова победа. Насловите во медиумите доминираа со приказни за хаос, а не за неочекуваната победа на надежниот кандидат. Со ова се подгреа една од најчудните идеи кои се јавија кај крајната левица, а тоа е дека Бутиџиџ е агент на ЦИА. Иако градоначалникот на Саут Бенд, Индијана, за влакно го…

Повеќе...

Путин: Додека јас сум на власт нема да има истополови бракови

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека во земјата нема да се легализираат истополовите бракови се додека е тој на власт. – Додека јас сум претседател тоа нема да се случи, истакба Путин на состанокот посветен на потенцијалните измени на Устав. Јавното промовирање на хомосексуалноста е кривично дело во Русија, според Законот што го потпиша Путин во 2013 година. Путин (67) како претседател и премиер е веќе две децении на власт, а актуелниот мандат му истекува во 2024 година. Тој е најдолговечен руски или советски лидер уште од времето на…

Повеќе...

ЗОШТО СЕКОЈА МАКЕДОНСКА ГЕНЕРАЦИЈА Е ПОДЕГРАДИРАНА ОД ПРЕДХОДНАТА?

Деградацијата на народите и нивните елити е карактерна за западниот тип цивилизација која ги опфаќа Европа, Северна Америка и локални делови од останатиот свет. Две причини се за тоа и тие се взаемно поврзани. Едната причина е трансформирањето на народите во консуматорски општества при кое што суверенитетот е потчинет на материјалната егзистенција. Консуматорскиот потфат пред 1990 г. беше присутен не само во западниот свет, туку и во источноевропските земји, вклучително и СФРЈ. Само што рамништата беа различни. Инаку содржината беше иста – да се трупа повеќе. Во Бугарија Тодор Живков…

Повеќе...