ТОДОР ПЕТРОВ – ДОЈЧЕ ВЕЛЕ НА МАКЕДОНСКИ КОНТРА МАКЕДОНИЈА

ДОЈЧЕ ВЕЛЕ НА МАКЕДОНСКИ КОНТРА МАКЕДОНИЈА

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Го читам последниот коментар на Дојче Веле на Македонски јазик: “Легитимно е Рашела Мизрахи да не се согласува со промената на името на државата. Но, во таков случај, не требало да прифати да биде министерка во Владата на Република Северна Македонија и да прима плата од ‘северџански’ буџет.”

Не оти им е првпат, има таму некоја платена редакција, на антимакедонска матрица. Турбо им е вклучен мегафонот од некоја партиска централа. Не им е првпат. Но, да се задржиме на последниот коментар.

Мизрахи е повод за оваа дебата, таа дополнително го поткрена антисемитизмот во СДСМ, иако тоа можеше и секој друг да биде. Надвор од лицемерието на партијата која стои позади неа, таа не ни е поента, туку коментарот на Дојче Веле и сличните од истата кујна.

Дојче Веле вели, “легитимно е Рашела Мизрахи да не се согласува со промената на името на државата.” Ало Дојче, на референдумот одржан на 8 септември 1991 година, речиси 80% од вкупниот број запишани избирачи, од народот, гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА” без додавки и без придавки, без суфикси и без префикси. Одлуката на референдумот е ЗАДОЛЖИТЕЛНА! Дополнително, на референдумот одржан на 30 септември 2018 година, речиси две третини од вкупниот број запишани избирачи, од народот, НЕ гласаа “ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ И НАТО СО ПРИФАЌАЊЕ НА ДОГОВОРОТ МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА!”

Жалосно е што Уставниот суд, во злосторничко здружение со марионетската влада, не ги процесуира иницијатиците за поништување на: амандманите на Уставот од 11 јануари 2019 година; Уставниот закон за спроведување на амандманите на Уставот од 11 јануари 2019 година; и Указот за прогласување на Законот за ратификација на Спогодбата Димитров-Коѕиас објавен во “Службен весник на Република Македонија” на 14 јануари 2019 година без потпис на претседателот на Републиката. Со тоа, уставните судии вршат флагрантно кршење на домашното и на меѓународното право! Со злоупотреба на службената положба и овластување ги суспендираат правата и слободите и уставниот поредок на земјата!

Демек, ЕУ и НАТО биле за права, правда и правна држава. Да не беше смешно ќе беше за плачење. За кои права, правда и правна држава станува збор, кога се суспендира неотстапното и неотуѓиво веќе апсолвирано универзално право на Македонскиот народ на самоопределување и самоидентификација?!

Дојче Веле завршува, ако Рашела Мизрахи не ја прифаќа промената на името на државата, “не требало да прифати да биде министерка во Владата на Република Северна Македонија и да прима плата од ‘северџански’ буџет.” А бре неписмени Дојче-Веле-овци, буџетот на државата Македонија не е од приватната сметка на Владата како здружение на граѓани или од приватната компанија на шарлатанот Зоран Заев. Буџетот на државата Македонија го плаќаат даночните обврзници, го плаќаат Македонците по род и државјанство, го плаќа Македонскиот народ! А, Македонскиот народ, Македонците по род и државјанство, во апсолутно мнозинство ГЛАСАА ЗА држава Македонија, НЕ ГЛАСАА за членство во ЕУ и НАТО, ја отфрлија Спогодбата Димитров-Коѕиас за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!

И за крај јаготката на шлагот: Кога ја прифатила функцијата министер, Рашела Мизрахи потпишала свечена изјава дека “ќе ги почитува Уставот и законите на Република Северна Македонија.”

Еми целата марионетска влада и пратениците од актуелниот состав потпишаа свечена изјава кога им тргна мандатот, која гласи “Изјавувам дека ќе ги почитувам Уставот и законите на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!” Каде ја однесовте државата Македонија, спротивно на слободно изразената волја на народот и граѓаните на референдумите одржани на 8 септември 1991 година и 30 септември 2018 година?! Извршивте најтешко кривично дело велепредавство, геноцид вр Македонскиот народ и злосторство против човештвото кое не застарува! И кога тогаш, а нема дупче на земјината топка каде што ќе се скриете, ќе одговарате со доживотен затвор во Идризово и конфискација на личниот имот и имотот на членовите на семејството! Аздисавте во страста за власт и сласта за моќ и пари, аир од нив да не видете!

Е вака се веле Дојче Веле… престанете со партискиот мегафон…

Повеќе