Александар Николоски на средба со граѓани од Струмичкиот регион

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во рамките на „Обнова за Македонија“ денеска ги посети населените места во Струмичкиот регион: Вељуса, Добрејци, Дабиље, Муртино, Банско и Куклиш. „Денеска сме во посета на целиот Струмички регион, ова е дел од редовните активности коишто ги имааме во рамки на акцијата за Обнова на Македонија, да поразговараме со луѓето да се видиме, да видиме што се нивните потреби, барања. Од секаде доаѓаат истите пораки, тоа се пораки дека неопходна е промена во Македонија затоа што оваа ситуација во којашто се наоѓа државата е неодржлива, многу луѓе заминуваат…

Повеќе...

Прес24:Зоран Заев: Снимките на Милошоски покажуваат зошто беше важно носењето на Законот за ЈО

Интервју на Зоран Заев за Прес24 Press24: По гласањето за Законот за Јавно обвинителство, изјавивте „Успеавме“. Во што се состои успехот, ако еден ваков важен Закон кој треба да биде основа за реформи во сферата од која најмногу се очекува, всушност се претвори во една политичка драма со голем број експертски критики?  Заев: Успеавме да донесеме уште една победа на големото мнозинство кое е на страната на правната држава над политичките структури кои, за жал, се уште го бранат криминалот. Успехот е во тоа што ставивме уште еден темел на реформите…

Повеќе...

ПАНЧЕВСКИ објаснува кои судии од пониските и од Врховниот се наградени, а кои разрешени во „пупка судството“!

Владимир ПАНЧЕВСКИ, екс претседател на Кривичниот суд во Скопје Интересен развој на случувања во судството, За оние што не веруваа на своите очи денес конечно со сопствените уши го слушнавме Зоран Заев како навистина го отворил судството како пупка, еве мала анализа за распупеното судство и начинот на напредување со одлучување по политички нарачки: Во предметот за Сеат Кочан судијата Гордана Спиреска определи притвор по барање на СЈО. Таа сега по награда е член на Судскиот совет. Судијата Лидија Трајковска Зимбовска која го осуди Сеат Кочан сега со последниот избор…

Повеќе...

РУСЈАКОВ – Гогољ сака да изврши ревизија на Преспанскиот договор

Заев бара чист мандат. Се согласувам со него. Тргнаа како петпарачка шарена револуција по сценарио на Сорос, а завршија пред судот марширајќи низ бурлеска за некаква правда. Да си помисли човек, па овие имаат тим-билдинг за нова шарена бурлеска, откако ќе бидат симнати од власт ако американската амбасада повторно не им скрои мнозинство. Почнаа со балканските методи на Хан и злосторничко двотретинско здружување против македонскиот народ во Собранието поддржани од ЕУ и од САД, по што извршија софистициран геноцид врз Македонија, а еве ги, завршуваат на ист начин, со гротеска…

Повеќе...

Експлодира аудио бомба за мафијата:”Договорено е паѓаат случаите, Катица знае, Врховен суд ќе донесе одлука, без Заев не се може”

Пратеникот Антонио Милошоски денес од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ објави нова аудио бомба од која може да се слушне гласот на Зоран Заев кој целосно оркестрира со одлуките на Катица Јанева и Врховниот суд. Од аудиото се дознава дека постои мафијашка спрега помеѓу Врховен суд, СЈО и Катица Јанева и договарања за да паднат предметите. Заев ги споменува и бегствата кои беа актуелни прво на Кочан, а потоа и на Груевски. Зоран Заев признава дека се договарал со претседателот на Врховен суд Јово за да паднат предмети кои ги води Катица…

Повеќе...