Откажан карневалот во Струмица, ќе нема ни Маскенбал, ни Детски карневал

Струмичкиот карневал кој требаше да се одржи во сабота е откажан. Нема да се одржи ниту Маскенбал во „Сириус“, каде требаше утревечер да се избира принц и принцеза за карневалот. Ќе нема ни Детски карневал во недела на Прочка – ова за Радио СтрумицаНет го потврди градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој вечерва по „Концертот под маски“ одржа состанок со Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, кои биле и во комуникација со надлежните државни институции за состојбата со коронавирусот и препораките до нив за и околу одржувањето на Струмичкиот карневал.

Се очекува Владата утре претпладне да донесе одлука со која се забранува одржување манифестации и јавни собири во наредните денови, на предлогот што вечерва го утврдил Управувачкиот комитет, највисоката инстанца во системот за управување со кризи во државата.

Струмица Нет

Повеќе