МИЛОШОСКИ ДО ДИЈАСПОРАТА: Потребни сте и на државата

Пратеникот Антонио Милошоски ја повика дијаспората да се регистрира за да може да го оствари своето гласачко право на изборите на 12 април.Според него, иселениците се нераскинлив дел од Македонија и оти и се потребни на државата. -Почитувани пријатели, секој што престојува/живее во дијаспората, има право да гласа на 11-ти април за парламентарните избори во Македонија. Се што треба да се направи е: 1. до 11ти Март да се регитрирате на страната на https://dijaspora.sec.mk/ и да наведете во која најблиска за вас амбасада/конзулат ќе гласате 2. за регистрација ви е…

Повеќе...

Меркел: Ердоган да не ги користи мигрантите поради незадоволство

Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека разбира тоа што турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган очекува поголема поддршка од Европа во решавање на мигрантската криза, но нагласи дека не би требало да ги користи бегалците за да го искаже своето незадоволство. Повеќе од 10.000 бегалци, повеќето од Сирија, други држави од Блискиот исток и Авганистан пристигнаа до границата на Турција со Грција и Бугарија, откако Анкара минатиот четврток соопшти дека ќе престане да ги држи на своја територија. – Разбирам дека Турција се соочува со голем предизвик кога е во прашање…

Повеќе...

ЈАНИ БОЈАЏИ -Рушење на партиите

Пишува: Јани Бојаџи Драги мои, ние денес живееме во демократија што се практикува низ политичкиот состав на повеќепартизмот и, наједноставно кажано, претставува право на избор на најдобрата понуда на вредности од избори до избори. Тој состав подразбира борба на различности, кои, нели, се аксиома за општиот прогрес – преку слободна конкуренција на идеи и програми. Сето тоа низ дијалог, баланс, ама и политички консензус за клучните општествени потреби. Но тоа во Македонија, драги мои, не е така. Политичките партии наместо да произведуваат вредности тие создаваат негативности. Наместо да поттикнуваат состав…

Повеќе...

Капиталните инвестиции на мизерни 1.67%: Ветените болници, училишта и градинки остануваат само ветувања на хартија

Реализацијата на државните инвестиции во Република Македонија целосно потфрли, согласно објавените податоци на Министерството за финансии. Продолжува рекордно ниското ниво на капитални инвестиции и покрај владините најави дека реализацијата ќе се забрза. Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека во јануари се реализирани само 1.67 отсто од планираните капитални инвестиции за целата година. Ова е убедливо најмалку во историјата на државата. Економскиот дебакл на Владата предводена од СДСМ беше тема и на последниот телевизиски дуел помеѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и првиот човек на СДСМ, Зоран Заев. -Каква е…

Повеќе...

Апасиев: Следен чекор е кантонизација на Македонија, тоа Заев го има ветено – граѓаните да пазат за кого ќе гласаат

Димитар Апасиев од Левица во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека следен чекор ќе биде федерализација, односно кантонизација на Македонија. Според него, ЕУ е антимуслиманска и сака да се подели Македонија, за делот населен со доминантно муслиманско население да остане надвор од ЕУ. -ЕУ му испорачува на СДСМ и Заев за измеќарлукот, за двојазичноста, за федерализацијата. Тоа е Тиранската платформа. Не само Беса, која и да е од албанските партии. Следниот чекор е кантонизација на Македонија, тоа Заев им го има ветено. Затоа граѓаните нека си пазат на…

Повеќе...

Трипуновски: Половина година граѓаните јаделе непроверена храна, ЈО да отвори случај

Зоран Заев, Зоран Атанасов и СДСМ скоро половина година го загрозувале здравјето на граѓаните, бидејќи АХВ не вршела никакви проверки за безбедноста на храната. Скоро половина година граѓаните конзумирале храна која можеби била целосно небезбедна за нивното здравје. Во перидот од 05.06.2019 до 11.11.2019 година, односно повеќе од 5 месеци не се спроведувал мониторинг согласно Законот за безбедност на храната од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, изјави на прес конференција дополнителниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски кој додаде: Скоро половина година АХВ во наведениот период…

Повеќе...

д-р Анита Ангелевска- ЈАРЕЦ НА ГРЕВОТ

ЈАРЕЦ НА ГРЕВОТ Ако се земе за точна констатацијата, дека се повеќе ситуацијата во која ни се наоѓа Македонија е повеќе од очајна и дури наполно блиска до апокалипса, лесно би се предвидело каква треба да биде реакцијата соодветна на реалноста. Во митолошката меморија постојат илустрации на примитивниот принцип на пренесување на злото на друго лице, животно или премет. Но, Фрејзер пишува и за употреба на слични средства за ослободување на целата заедница од разни зла кои ја мачат. Обидите народот одеднаш да се ослободи од сите натрупани незгоди не…

Повеќе...