Меркел: Ердоган да не ги користи мигрантите поради незадоволство


Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека разбира тоа што турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган очекува поголема поддршка од Европа во решавање на мигрантската криза, но нагласи дека не би требало да ги користи бегалците за да го искаже своето незадоволство.

Повеќе од 10.000 бегалци, повеќето од Сирија, други држави од Блискиот исток и Авганистан пристигнаа до границата на Турција со Грција и Бугарија, откако Анкара минатиот четврток соопшти дека ќе престане да ги држи на своја територија.

– Разбирам дека Турција се соочува со голем предизвик кога е во прашање Идлиб. Сепак, за мене е неприфатливо тоа пто претседателот Ердоган и турската влада не го изразуваат тоа незадоволство во разговор со ЕУ, туку на грбот на бегалците. Тоа не е пат кон напредок – изјави Меркел.

Таа додаде дека ЕУ и Турција треба да ги продолжат преговорите за договор за мигрантите и дека Германија секогаш е подготвена билатерално да ја поддржи Турција. Според таен извештај на Агенцијата за заштита на надворешните граници на ЕУ (Фронтекс), од
Турција се очекува масовна миграција. Ситуацијата, како што се наведува, толку многу излегла од контрола, што се предвидува дека бегалците нема да ги запре ниту интервенцијата на турските власти ако одлучат повторно да ја затвори границата кон Грција.


#ЕУ

Повеќе