За 24 часа во Италија нови 27 смртни случаи од Ковид-19

Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во Италија се зголеми за 27 во последните 24 часа и сега изнесува 79, соопшти денеска италијанската служба за цивилна заштита. Вкупниот број заразени во Италија, каде има најголемо жариште на Ковид-19 во Европа, вчера се зголеми од 2.036 на 2.502 лица. Службата за цивилна заштита соопшти дека 160 лица кои биле први заразени успешно закрепнале. Вирусот се прошири во Италија пред 12 дена и го зафати северниот дел од земјата, но Ковид-19 сега е регистриран во 19 од 20-те региони на Италија.…

Повеќе...

Почина актерот Ванчо Крстевски

Во Струмица денеска почина актерот Ванчо Крстевски, член на Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица. Роден на 30 ноември 1960 година, а член на Струмичкиот театар е од 1982 година. Досега одиграл 105 улоги и остварил низа забележителни ролји. Учествувал во повеќе телевизиски проекти, а исто така и во филмски улоги во „Прашина“ на Милчо Манчевски, „Жената што ги избриша солзите“ на Теона Митевска и други. Во 2018 година, во рамките на ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица, за улогата на Арсен во претставата „Петтиот чин“ ја доби наградата на НЕТА…

Повеќе...

Сашо Тасевски: Грујо нема да се врати сигурно, бидете спокојни, ама ВМРО ќе се врати.

Статус на Сашо Тасевски: За кое зголемување на плати зборувате? Нека ми прости Горнион ова што ќе го кажам, затоа ќе тргнам од себе. Мојата плата нешто не осетив дека скокна од 2017 до денес. Повеќе ми скокна како резултат на стажот отколку од покачувањата ваши на цевче.. Ама затоа ја осетив кога во 2007 година скокна за преку 100 проценти… Од 13.600 на 30000 денари. Ова е вистина, без предизборно керефекање и глуматање. А знаете кој владееше тогаш? Браво. Фино што знаете. Владееше оној и оние кои не ги…

Повеќе...

ЦРНИЛА – Remix – Уникатен и моќен, хипхоп – театарски перформанс пред Струмичани!

Вторник со огромно задоволство ви ја претставува Организацијата! После успешни премиери низ републиката па се до Exit fest ,,, ЦРНИЛА РЕМИКС , конечно со своја премиера и во Струмица !!! Ве каниме да ја почуствувате енергијата на овој уникатен и моќен, хипхоп – театарски перформанс !!! 22 ри март , НУЦК Антон Панов , почеток 20.00h… Влезници по цена од само 200 ден може да купите во ББ.Вторник !!! ………………………………………………………………………………… Црнила remix Младински Културен Центар Вторник со огромно задоволство ви ја претставува Организацијата!После успешни премиери низ републиката па се до…

Повеќе...

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Во Сан Стефано е склучен мировен договор по Руско-турската војна со кој Русија на Бугарија и ја подарува Македонија

На денешен ден, 3 март 1878 година, по завршувањето на Руско-турската војна (1877-1878), во гратчето Сан Стефано, кај Цариград, бил склучен мировен договор, познат како Санстефански мир. Со договорот е заклучено на Црна Гора, Србија и Романија да им се признае независност и територијално проширување на сметка на Турција. За Босна и Херцеговина била предвидена автономија под надзор на Австро-Унгарија, а било создадено и автономно кнежевство во вазален однос спрема Турција – Голема Бугарија. Покрај другите делови, во кнежевството било предвидено да влезе цела Македонија. Но, поради несогласување на Австро-Унгарија,…

Повеќе...

Прифатени 1.430 пријави за гласање на македонски државјани од дијаспората, рокот завршува на 11 март

Државната изборна комисија (ДИК) досега прифатила 1.430 пријави за гласање на македонски државјани што живеат или се на привремена работа во странство за претстојните предвремени парламентарни избори на 12 април. Од дипломатските конзуларни претставништва на Северна Македонија, до ДИК пристигнале 1.517 пријави, но прифатени се само 1.430. Најмногу прифатени пријави има од наши државјани од Венеција 164, потоа од Берлин 151, од Берн -136 и од Мелбурн 80. Рокот за пријавување на нашинците за гласање во дијаспората завршува на 11 март на полноќ, како и јавниот увид во Избирачкиот список,…

Повеќе...