ЈАНЕВСКИ: Кога „блескавите“ Влада и Филипче ја бијат корона

Дарко ЈАНЕВСКИ Ете се изначитавме и изнаслушавме какви се не корона мерки презеле Филипче, па Владата, па не знам кој… Со заеднички именител дека и на ова поле „Блескаме“. Некако при тоа заборавивме дека бевме најрелаксирана или една од најрелаксираните земји во Европа, а паниката настана откако омилената докторка на Филипче се расшетувала по работа, по симпозиуми и низ градот со вирусот во себе. Всушност поради неа, следниот ден, кога се дозна за случајот, неколку професори од „Владо Тасевски“ ги пуштија децата од две-три одделнија дома, а истовремено родителите почнаа…

Повеќе...

Наши иселеници од Лондон: Очекуваме најдобро, се подготвуваме за најлошото!

Откако жариштето на коронавирусот по Италија се префрла и ширум европскиот континент, наши иселеници во Англија, кои сакаат да останат анонимни, велат дека се надеваат на најдоброто, но се подготвуваат за најлошото. Според нив, многу скоро поради коронавурусот во земјата ќе дојде самоизолацијата на месец или два. – Се влошува состојбата, иако што би рекле тивко на прсти, но стравот од најлошото е присутен. Се купува се што може да се купи по маркетите, да бидеме искрени лично се спремаме за самоизолација на месец или два. Не мора да чекаме…

Повеќе...

ЕКСПЛОЗИЈА НА КОРОНАВИРУСОТ ВО ШПАНИЈА: Нови 1.500 заболени, бројот достигна над 5.700

Бројот на заразени од новиот коронавирус во Шпанија денеска драстично се зголеми, објави Би Би Си. Според последните информации, потврдени се нови 1.500 случаи на Ковид-19, со што бројот на заболени лица во Шпанија достигна над 5.700. Шпанија е најпогодена земја од новиот коронавирус, веднаш по Италија.  

Повеќе...

Владата ќе одржи седница, Филипче ќе предложи затворање на моловите

Владата на Република Македонија попладнево, во 16:30 часот, ќе одржи седница. Се очекува на седницата да бидат разгледани евентуални доплнителни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција денеска нагласи дека врз основа на разговори со членови на Комисијата за заразни болести ќе предложат до Владата целосно да се затворат моловите под претпоставка дека тоа се места каде има голем ризик од ширење на инфекцијата.  

Повеќе...

МИЦКОСКИ: Сега не е време за меѓусебни пресметки и ситни политички поени, нужно е прогласување кризна состојба во Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска порача дека е неопходно прогласување на кризна состојба кај нас за да може да се преземат итни и неодложни мерки. Тој на прес-конференцијата пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ рече дека состојбата со справување со коронавирусот бара максимално ангажирање на сите стручни и кадровски потенцијали, но и посветеност од сите одговорни субјекти. – Не е сега времето за меѓусебни пресметки или добивање на ситни политички поени. Мораме да бидеме свесни за неколку работи. Реалноста налага да се предочи дека имаме сериозен предизвик за заштита на здравјето…

Повеќе...

СОСТОЈБА ВО СВЕТОТ ДО 13 ЧАСОТ: Заразени се 148.595 луѓе, оздравени 73.706 и 5.547 починати од коронавирус

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 148.595 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 5.547, а оздравени се 73.706. – Во Иран починале 97 луѓе од коронавирусот, и сега вкупниот број на лица кои го загубиле животот во оваа земја изнесува 611, објави локална телевизија. Во Иран се заразени 12.729 луѓе. – Германија и Италија го зголемија производството на респиратори во своите држави, со цел да одговорат на силниот удар на пандемијата кој се очекува. Еден респиратор чини 17.000 долари. – Велика Британија следната недела ќе…

Повеќе...