Наши иселеници од Лондон: Очекуваме најдобро, се подготвуваме за најлошото!


Откако жариштето на коронавирусот по Италија се префрла и ширум европскиот континент, наши иселеници во Англија, кои сакаат да останат анонимни, велат дека се надеваат на најдоброто, но се подготвуваат за најлошото. Според нив, многу скоро поради коронавурусот во земјата ќе дојде самоизолацијата на месец или два.

– Се влошува состојбата, иако што би рекле тивко на прсти, но стравот од најлошото е присутен. Се купува се што може да се купи по маркетите, да бидеме искрени лично се спремаме за самоизолација на месец или два. Не мора да чекаме да се воведат мерки, па тогаш да постапиме. Ова нека биде апел до сите наши во Лондон, да не биде заплашување, но почнува, бидете подготвени, велат нашите иселеници.


Вечер

Повеќе