Се затвора граничниот премин „Ново Село“ на македонско-бугарската граница

Се затвораат неколку Гранични премини на територијата на цела држава за патници и возила во наредниот период, меѓу кои и Граничниот премин „Ново Село“ на македонско-бугарската граница во близина на Струмица. Премин преку границата на Македонија со соседните земји ќе има само на Граничните премини Богородица, Табановце, Деве Баир, Ќафасан и Блаце – информираше министерот за здравство, Венко Филипче на последната прес конференција.  

Повеќе...

Д-р Драган Даниловски: Вирусот подолго време подмолно се распространувал низ популацијата, користејќи ги токму децата и младината

Д-р Драган Даниловски, епидемилог и универзитетски професор, повикувајќи се на студија, вели дека инфекциите со САРС-КоВ-2 кај децата се случувале многу пред да се регистрираат првите случаи на болеста. Ви ја пренесуваме неговата објава на Фејсбук во целост: „NO PASARÁN!!! Можно е да е разрешена „тајната“ на молневитото ширење низ светот! Наодите на една ретроспективна студија, спроведена на 366 хоспитализирани деца од околината на Вухан, Кина, покажуваат дека инфекциите со САРС-КоВ-2 кај децата се случувале многу пред да се регистрираат првите случаи на болеста. Тоа значи дека вирусот подолго време подмолно…

Повеќе...