СВР Струмица обезбедува 12 лица кои се во домашна изолација, едно лице ја прекршило забраната

Полицијата обезбедува 173 лица само во Скопје, кои се во домашна изолација. Во изолација се и жители на Тетово, Охрид, Битола, Куманово, Струмица. Ова на прес-конференција го соопшти техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, информирајќи дека поднеле и две кривични пријави за лица од Струмица и Тетово, кои наместо во самоизолација, ги напуштиле своите домови. „СВР Битола обезбедува 13 лица кои се во домашна изолација. Во Тетово 16 лица се обезбедуваат кои исто се во домашна изолација, при што е забележано едно прекршување на мерката за што е запознаено ОЈО Тетово и…

Повеќе...

Ме мрзи да смислувам наслов

Слушам, либералново, ем атеистичко граЏанство, се пенавело околу причеста. Демек, сега кога сме ја имале коронава околу нас, државата мора да му забрани на свештенството да причестува затоа што причеста се правела со иста лажичка. А-ха, океј. Еве, јас што имам да кажам. И да се осмели државата да направи нешто толку идиотски, па да забрани причест, свештениците и по цена на затвор, море и под закана од смрт, не смеат да престанат да причестуваат. Зошто? Е тоа е тајна. Каква тајна? Ете таква, света тајна, две илјади години стара…

Повеќе...

ДОНЕВ – ВМРО – ДПМНЕ ОК Струмица иако во мораториум на партиски делувања се става на располагање со сите капацитети.

Почитувани сопартијци, сограѓани, Општинскиот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ Струмица смета дека пред да преземе мерки Општина Струмица треба да направи консултација и со нас како опозиција заради чувството на вклученост, сигурност и заедничка активност на сите граѓани околу проблемот. Да се формира кризен штаб на Струмица за да се надминат последиците од ширењето на пандемијата на Ковид 19 е сериозен чин затоа што мора одговорно да излезе во пресрет на граѓаните оние кои се во карантин, евентуално зафатените од вирусот и оние кои мора да ги преземат сите мерки:…

Повеќе...

Авион од Брисел слетал во Скопје – во него патници со симптоми на коронавирус

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција информираше дека попладнево слетал авион од Брисел за кои имало информации дека внатре има патници со симптоми на коронавирусот. – Тие ќе бидат однесени на Инфективната клиника за да се тестираат. Останатите патници ќе чекаат на аеродромот додека не стигнат резултатите. Потоа, во текот на вечерва ќе одлучиме што ќе правиме, дали ќе бидат пратени во домашна изолација или ќе бидат преместени во објектите кои што ги предвидовме за изолација – рече Филипче. Во однос на конвојот автобуси кои во текот на вечерва…

Повеќе...

Русија: Пет излекувани од коронавирус – Кинези, Руси и Италијанец, се лекуваат 93 заразени

Во Русија бројот на излекувани од коронавирусот се зголеми на пет лица, соопшти денеска Министерството за здравство во Москва. Меѓу излекуваните се двајца кинески државјани, двајца Руси и еден Италијанец. Според извештајот на работната група задолжена за борба против Ковид-19, во Русија се регистрирани 93 случаи на зараза. Повеќето пациенти имаат лесни симптоми на болеста, а досега се тестирани повеќе од 116.000 луѓе.

Повеќе...

Уште еден Јапонец по вторпат заболел од коронавирус

Јапонец, кој претходно бил заразен од коронавирус, а потоа оздравел, е повторно позитивен за Ковид-19. Станува збор за човек на над седумдесетгодишна возраст, кој првпат заболел кон средината на февруари. Тој бил еден од патниците на крузерот „Дајмонд принцес“, кој потоа бил во карантин. Заболениот маж бил во изолација во Токио до 2 март, кога добил потврда дека е здрав и се вратил дома. Симптомите, за жал, му се вратиле по што било утврдено дека повторно го има вирусот. Тој не е првиот ваков случај во Јапонија. Неодамна, една жена…

Повеќе...

Влада на Италија: Уште 25 милијарди евра од буџетот за економијата

Италијанската Влада усвои пакет мерки за помош на економијата во висина од 25 милијарди евра, со цел да ги ублажи негативните влијаниа од епидемијата со новиот коронавирус. Според италијанскиот премиер Џузепе Конте, средствата ќе бидат наменети за самовработените лица и за загрозените семејства. Исто така предвидени се најмалку 10 милијарди евра за помош за исплаќање на плати. Додека јавното здраваство ќе добие повеќе милијарди помош. Конте посочи дека дури и новиот пакет мерки нема да биде доволен и оти треба да се пронајдат нови средства. Во Италија речиси 2.000 лица…

Повеќе...

МИЦКОСКИ: Здравјето на граѓаните е најважно, затоа се согласивме изборите да се одложат и да се прогласи кризна состојба во Македонија

Се согласивме дека здравјето на граѓаните ни е пред сѐ, едногласно се согласивме дека изборите треба да се одложат и дека треба да се најде правна основа како тоа да се реализира, а притоа да се почитува Уставот и да се почитуваат законите, изјави по денешната лидерска средба Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. – Нашиот став е дека по лидерската средба треба да се формира експертски тим за да се најде правната основа за одлуката за одложување на предвремените парламентарни избори. Не постои правна основа за свикување на Собранието. ВМРО-ДПМНЕ…

Повеќе...

СЕГА СЕ 31: Петмина новозаразени, вклучително со здравствените работници од Дебар

Министерството за здравство соопшти дека од десетмината кои попладнево беа тестирани за коронавирус, петмина се позитивни на Ковид-19. – Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и четири здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар. Со ова, бројката на заболени со коронавирус во земјата се искачи на 31, се наведува во соопштението на Министерството. Претходно денеска министерот за здравство Венко Филипче изјави дека епидемијата е во силен ек и секоја епидемија има свој тек, има почеток, акцелерација, пик, односно врв на кривата и понатаму…

Повеќе...