МИЦКОСКИ: Здравјето на граѓаните е најважно, затоа се согласивме изборите да се одложат и да се прогласи кризна состојба во Македонија

Се согласивме дека здравјето на граѓаните ни е пред сѐ, едногласно се согласивме дека изборите треба да се одложат и дека треба да се најде правна основа како тоа да се реализира, а притоа да се почитува Уставот и да се почитуваат законите, изјави по денешната лидерска средба Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

– Нашиот став е дека по лидерската средба треба да се формира експертски тим за да се најде правната основа за одлуката за одложување на предвремените парламентарни избори. Не постои правна основа за свикување на Собранието. ВМРО-ДПМНЕ е за прогласување кризна состојба од 30 дена на цела територија на Македонија, а потоа и прогласување на вонредна состојба ако има потреба. Во текот на денот Пендаровски ќе треба да соопшти како треба да се одложат изборите и која институција потоа ќе треба да ги закаже изборите, изјави Мицкоски.

Повеќе