Уште еден Јапонец по вторпат заболел од коронавирус

Јапонец, кој претходно бил заразен од коронавирус, а потоа оздравел, е повторно позитивен за Ковид-19. Станува збор за човек на над седумдесетгодишна возраст, кој првпат заболел кон средината на февруари. Тој бил еден од патниците на крузерот „Дајмонд принцес“, кој потоа бил во карантин.

Заболениот маж бил во изолација во Токио до 2 март, кога добил потврда дека е здрав и се вратил дома. Симптомите, за жал, му се вратиле по што било утврдено дека повторно го има вирусот.

Тој не е првиот ваков случај во Јапонија. Неодамна, една жена од Осака била тестирана за коронавирус и е позитивна по вторпат, откако се разболела кон крајот од јануари. Слични случаи доаѓаат и од Кина, каде лекарите предупредуваат дека некои од излечените пациенти веројатно ќе се заразат повторно.

 

Повеќе