Јовановска-Срцева: Треба да се направат многу повеќе тестирања за коронавирусот


Ние како здравствена организација долго време апелиравме за некои работи кои мораа да се направат во некое време порано. Но, тука не сме сега да политизираме, туку битно ни е здравјето на граѓаните. Но, ќе речам дека од оваа позиција сега почнуваме од нула. Сега лекарите и докторите очајно се борат ова да го санираат. Еве ќе ги парафразирам италијаните “задоцнивме со мерките од типот на обезбедување на опрема, на адекватно и брзо тестирање и многу тестирање”, затоа што што повеќе тестирате тоа повеќе знаете за бројката на носители кои ја пренесуваат болеста. И практично имате увид во бројката.

Така што ресурсите ќе се насочуваат токму спрема оние делови на државата каде што има повеќе број на заболени, вели д-р. Марија Јовановски Срцева на денешната панел дискусија Live Chat насловен како “Затоа што секој живот вреди”.

Таа смета дека бројката од 204 тестирани граѓани е премала и дека требало да се направат многу повеќе тестирања за коронавирусот.

-Еден тест изнесува некаде околу 25 евра. Тие се специфични, но не се сензитивни. И затоа треба да се тестираат граѓаните повторно и повторно, вели Јовановски Срцева.


 

Повеќе