ПАНИКА ВО МНР: Две дипломатки и дипломат продолжиле да одат на работа откако се вратиле од скиjaње во Бугарија и патување во Турција


Тројца македонски дипломати предизвикале паника во македонското МНР откако колегите дознале дека тројцата биле во контакт со лица и средини кои се сметаат за високоризични како извор на пренесување на коронавирусот, објави порталот СкопјеИнфо.

Се работи за тројца дипломати од кои една била на скијање во соседна Бугарија во Банско во период кој беше критичен за ширење на опасниот вирус по што десетина дена одела на работа. Дури откако дел од колегите инсистирале дипломатката прекинала да оди на работа.

Втората дипломатка која била во контакт со граѓани на високоризични земји е на листата на нови македонски амбасадори кои требало да заминат на мисија пред изборите.

Таа била во контакт со близок член на семејството кој дошол од високоризична земја но сепак продолжила да оди на работното место во МНР. За неа дел од колегите велат дека имала кашлица но не знаат дали имала и други симптоми на Ковид19.

Третиот дипломат кој предизвикал хаос и паника во МНР минатиот викенд заминал во Турција односно во Истанбул каде што престојувал само еден ден и пред владата во Анкара да го затвори аеродромот се вратил во Скопје по што продолжил да оди на работа.

Македонскиот дипломатски синдикат пред неколку денови предупреди на хаосот во МНР и побара мерки со кои ќе се спречи нефункционалност, но од таму не добија одговоро од министерот Никола Димитров и менаџментот на министерството.

Хаосот во МНР се случува во моменти кога огромен број на македонски граѓани во странство се обидуваат да се вратат во земјава а најголем дел од нив се соочуваат со нефункционалност на дипломатските претставништва на Македонија.

Извор: СкопјеИнфо


 

Повеќе