Се укинува меѓуградскиот и градскиот превоз во Куманово и се затвораат дел од продавниците

Владата на денешната седница донесе одлука целосно да се укине меѓуградскиот и градскиот превоз во Општина Куманово, како и препорака да се затворат сите продавници во полуотворените трговски центри кои не се молови, а Институтот за јавно здравје е задолжен за поинтензивна работа, со цел спречување на ширење на коронавирусот, информира министерот за здравтство Венко Филипче на денешната прес-конференција. Тој смета дека со овие мерки, со дополнително укинување на врските во Куманово со другите општини, има сериозна шанса да се спречи патот на ширењето на вирусот. -Денеска на владината седница…

Повеќе...

Чулев: МВР најостро ќе постапи за ширење лажни вести на социјалните мрежи поврзани со коронавирусот

Министерството за внатрешни работи најостро ќе постапи против сите оние лица кои ќе објават на социјалните мрежи лажни вести кои ќе предизвикаат вознемиреност и паника кај граѓаните, истакна вечерва министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во емисијата Топ тема на телевизија Телма. Една од обврските на МВР, како што рече тој, е зачувување на јавниот ред и мир, а тоа е спречување на паника и хаос меѓу граѓаните. За таа цел, додаде тој, Одделот за компјутерски криминал и дигитална форензика презема континуирани активности преку следење на профилите и активности на…

Повеќе...