Ајдутството претставува најстара форма на вооружен отпор и прв облик на национално-ослободително движење на македонскиот народ


Ајдутството претставува најстара форма на вооружен отпор и прв облик на национално-ослободително движење на македонскиот народ

Во ретроспективниот поглед низ периодот на поновата македонска историја, од аспект на воено-одбранбеното организирање во рамките на стремежите за национално ослободување, особено се значајни крајот на XIX и XX век. Всушност, изнаоѓањето на сопствениот самостоен пат кон остранување на национално-ослободителните стремежи, започнува со појавата на ајдутското движење кое има најшироки размери во текот на XVII и XVIII век, како и организираното создавање на македонската востаничка војска во втората половина на XVIII и почетокот на XIX век.

Ајдутството претставува најстара форма на вооружен отпор и прв облик на национално-ослободително движење на македонскиот народ против отоманското господство. Нивната се поголема бројност и организираност ќе бидат инспирација во средината на октомври 1689 година, ослободителното движење на македонскиот народ да прерасне во вооружено востание на чело со ајдукот Карпош.

Иако конечниот епилог на Карпошовото востание доживува неуспех, македонскиот народ никогаш не го напушта стремежот за национално ослободување. Во тој контекст особено се значајни настаните од 8 мај 1876 година кога во Разловци започнува првото организирано востание на македонскиот народ во Источна Македонија.

Организирано во сложени военополитички услови во октомври 1878 година започнува Кресненското востание, кое со своите востанички дејства се одвива во временски период од над шест месеци – до мај 1879 година, просторно развивајќи се скоро на целата македонска територија. Значајно е и тоа што е создаден и Штаб на македонските востаници како воено-политичко раководство кое ги раководи и обединува активностите на востаничките чети на целиот востанички простор. Од друга страна, на ослободената територија, од вооружените сили е создавана редовна востаничка војска.

mmmmm

Во 90-те години на XX век борбата на македонскиот народ од локална, според просторната димензија, прераснува во организирана и масовна. Веќе во 1893 година, во Солун, група ученици Македонци, на чело со Даме Груев ја создаваат Тајната македонска револуционерна организација (ТМОРО) со цел да го организираат македонскиот народ на вооружено востание за ослободување и да создадат автономна македонска држава во рамките на Отоманското царство. При тоа, Гоце Делчев, како познавач на воената вештина, добива задача да раководи со создавањето на вооружените сили на Организацијата.

Иако развојот на воената организација нема да биде завршен до почетокот на Илинденската епопеја, а што има крајни последици по конечниот успех на Илинденското востание, сепак таа го покрива целиот национален простор и има своја хоризонтално-просторна и вертикално-субординативна димензија.

mmmm

Епилогот на Илинденското востание од 2 август 1903 година е Крушевската Република како израз на националните и демократските стрмежи на македонскиот народ во борбата за формирање на својата слободна држава. За жал Крушевската Република опстојува само 10 дена. Бранејќи ја Републиката, најголемиот дел од организаторите и водачите на востанието погинуваат во борбите кај Мечкин Камен, веднаш до Крушево.

mmmmm

mmmmmm

Балканските војни, а подоцна и Првата светска војна се периоди значајни по националната обесправеност на македонскиот народ и по обидите за негова присилна денационализација и асимилација.


Македонска Нација

Повеќе