18 нови случаи на заразени од коронавирус за 24 часа, вкупната бројка се искачи на 219 лица

Најстроги санкции за вработениот на Кардиологија, доколку знаел дека има симптоми на корона вирус, но одел на работа и ги довел во ризик колегите и пациентите. Тој е еден од 18-те новодијагностицирани со Ковид-19 изминатото деноноќие. Неофицијално, техничарот работел на клиниката и самиот се лекувал пиејќи лекови за намалување на температура. – Имавме случај на клиника за кардиологија, еден од членовите на резервниот тим, ова е случај каде што нема лежечки пациенти, но доколку се установи дека некој се појавил на работа свесен дека веќе имал симптоми на Ковид-19, ќе следат…

Повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува власта за профитерство во услови на пандемија, ФЗО одговора дека за различни тестови има различни цени

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува министерот за здравство Венко Филипче и директорот на Фондот за здравствено осигурување за корупција и воено профитерство со тестовите за коронавирусот што ги прави Институтот за јавно здравство. На социјалните мрежи излезе фактурата од Инситутот за тест за КОВИД-19 од каде се гледа дека оваа инстиуција од Фондот за направениот брис наплаќа дури 4.950 денари. Пациентите не плаќаат ништо, но тестот се наплаќа од граѓански пари преку буџетот.  Во приватните клиники тој чини 1.500 и 1.200 денари. „Срамота е ова што се случува. Нема ниту една…

Повеќе...

ЈАНУШЕВ: По криминалот со респираторите, сега корупција и со тестовите, ова е полошо и од воено профитерство

Игор ЈАНУШЕВ Криминалците си остануваат криминалци и во редовна и во вонредна состојба. Фатени во корупција со респираторите, сега фатени во корупција со тестерите за корона вирус … за само три недели, ова е полошо и од военото профитерство со резервните тенковски делови во владеењето на СДСМ по воениот конфликт. Наш најголем проблем не е епидемијата на вирус, туку епидемијата на корупција дури и во вонредна состојба. И пак е Филипче, кој е корумпиран во редовна состојба, корумпиран е и во вонредна состојба. Дека ќе правет “аванта” и од тестовите…

Повеќе...

НЛБ нуди одложување на плаќањето на кредитите за физички лица за шест месеци

Со цел полесно надминување и ублажување на негативните ефекти од кризната ситуација предизвикана од пандемијата на вирусот COVID-19, НЛБ Банка презема посебни мерки за поддршка на сите свои клиенти, физички и правни лица преку посебни услови за олеснување на отплатата на сите кредитни изложености, соопштуваат од Банката.   Новата понуда е согласно донесената одлука од НБРСМ за управување со кредитен ризик, како и донесената уредба на Владата за начинот на промена на договорните услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците, која ќе стапи во сила по објава во Службен…

Повеќе...

Еве како МЗ на Филипче ја објаснува цената од 4 950 денари по тест: Земале брис, давале плата на вработените…!

По однос на  цената на тестовите з овид 19 за кои ФЗо наплатува по 4 950 денари, додека во Жан Митрев Клиниката се плаќа 1 500 денари, а од вчера во Систина по 1 200 денари, Министерството за здравство објаснува: „Цената на набавката за тестовите е 1200 денари од тест. Министерството ги набави овие тестови во регуларна јавна набавка по нормална пазарна цена. Сумата од 4950 е цена по која Фондот за здравство од Институтот, односно Центарот за јавно здравје ја купува услугата земање брис, во која цена се вградени…

Повеќе...

Патолошки лажговци во време на корона

Кој лаже, тој краде, вошки има и на таван спие… Ова е една од народните верзии за опис на ликот и неделото на лажгото, барем онака како што нашите стари го виделе. Има повеќе варијанти, но со слични зборови и идентична конотација. Минале многу години од моментот кога некој народен бард ја смислил и сковал реченицата која и ден-денес на шега се користи, а реално, ништо многу-многу и не се променило. Како и секогаш, народецот наш бил мудар и воочувал работи кои биле и ќе бидат трајни и исправни, ама засекогаш.…

Повеќе...

Муцунски до Османи: Имате економски тим којшто е изгубен, мерки требаше да се донесат пред две недели и да се скратат сите вишоци, има судбини во раце на оваа влада

Денеска не кревам паника, треба да се соочите со реалноста, после две недели дознавме дека буџетот не ни бил ликвиден, ниедна мерка не е навремена во делот на економијата, имате секојдневни прес конференции не од ВМРО-ДПМНЕ, од претставници на стопанските комори, од бизнис заедницата, луѓе се отпуштаат од работа, има судбини во раце на оваа влада, сакам да ве информирам дека доцна е уште пред две недели, затоа што нема влада во Европа којашто не донесе рестриктивни мерки или не предложи мерки за штедење, истакна меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во…

Повеќе...

Спасовски и Филипче во хајка против лекарите кои се во првите борбени линии против коронавирусот

Јавното здравство во Македонија на чело со министерот за здравство Венко Филипче за некого мајка за некого маќеа. Откако јавноста гневно апелираше на најстроги санкции уште на прво заболениот здравствен работник, директорката на клиниката за кожни болести Нина Цаца Биљановска таа речиси доби помилување од страна на министерот кој денеска откри дека ќе санкционира доктори иако матичните лекари и голем дел на останат медицински персонал дури денеска добија маски за заштита. „Доколку се востанови дека некој се појавил на работа, а знаел дека има сиптоми, ќе следат санкции. Целосно е…

Повеќе...

Вирусари од сите страни, обединете се!

Пишува: Панде Колемишевски Нова Македонија Нема на светот власт што не е критикувана од опозицијата, како што нема опозиција што не ја критикува власта. И нема власт што, на еден или друг начин, не ја напаѓа опозицијата и што не се брани од опозициските млаки критики или жестоки напади. Во политиката, било вистинска, било кулоарска, како и во политичкото новинарство има две најлесни работи – едната е да ја гледаш власта со розови очила и да ја фалиш колку сакаш, а другата, да ја критикуваш истата таа, да ја правиш…

Повеќе...