ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува власта за профитерство во услови на пандемија, ФЗО одговора дека за различни тестови има различни цени


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува министерот за здравство Венко Филипче и директорот на Фондот за здравствено осигурување за корупција и воено профитерство со тестовите за коронавирусот што ги прави Институтот за јавно здравство. На социјалните мрежи излезе фактурата од Инситутот за тест за КОВИД-19 од каде се гледа дека оваа инстиуција од Фондот за направениот брис наплаќа дури 4.950 денари. Пациентите не плаќаат ништо, но тестот се наплаќа од граѓански пари преку буџетот.  Во приватните клиники тој чини 1.500 и 1.200 денари.

„Срамота е ова што се случува. Нема ниту една прецизна изјава каде што ќе се изнесе вистината во врска со набавката на тестовите за Ковид-19 и цената колку навистина чинат, и зошто е тоа така. Ова што се случува е класичен криминал и воено профитерство.“

Филипче, пак, вели набавната цена на тестот не е повисока од приватните клиники, туку фондовската цена е не е само за тестот, туку и за здрвствените услуги од вработните и режиските трошоци.

Но, и таа цена е висока според  ВМРО-ДПМНЕ.

„Чудно е и тоа многу, како приватните клиники кои нормално е да имаат и имаат поскапи цени за услугите од јавното здравство, во цените од 1.200 и 1.500 денари немаат вкалкулирано плати за вработени и цени за одржување, односно тоа е цената колку што чинат тестовите. А, сите знаеме дека цените во приватното здравство се далеку поскапи од јавното.“

Од Фондот за здравство пак, велат дека постојат два типови на тестови. Едните се серолошки со кои се испитуваат антитела и тие чинат 1.100 денари. Вторите се молеклуларни и со нив се утврдува присуството на КОВИД 19. Овие тестови имаат референтна цена од 3.000 до 5.500 денари. Дополнително, следуваат и пари за лаборантите и други трошоци околу тестот.

Од Институтот за јавно здравје велат дека тие изработуваат молекуларни тестови, кои се поскапи, но и чии резултатите се сигурни и брзи, односно се добиваат за најмногу 4 часа.

Катерина Нешкова

 

Повеќе