Петар Гошев: Не знам дали е ова дело на „славните” советници на Заев, ама дрско е и безобразно!


Поранешниот гувернер Петар Гошев во интервју за НОВА ТВ осврнувајќи се на предложените економски мерки на СДСМ , вели дека во нив не гледа солидарност и правичност како што тоа сака да го прикаже лидерот на партијата Зоран Заев.

Во врска со најавената линеарна исплата на минималец во администрацијата, со наведените исклучоци како и за реакциите на јавноста која смета дека станува збор за неправедно решение, зашто: има административци кои со години земаат плата а не одат на работа, има административци политичари, функционери, директори, пратеници, кои претходно земале многу големи плати и практично тие се во привилегирана положба – имаат доволно заштеди за да не почувствуваат промени на стандардот, додека други ќе бидат уште поосиромашени и понижени.

– Не знам дали ова е „изум’’ на Заев, или на славните советници кои ги накоти околу себе. Сеедно, тој е одговорен, тој го прифатил и соопшти. Оваа намера соопштува повеќе работи: дрскост, безобразлук, незна-ење, вулгарен популизам, погрешна изборна математика, бесчувствителност, примеси на Полпот-изам и Маоизам. И, измамништво – „сите да го понесеме товарот“, наводно! Веројатно оваа мерка нема да помине, но Заев и СДСМ може скапо да ја платат – вели Гошев.

Едноставно, додава Гошев, не ги разбираат поимите солидарност и правичност.

– Поимот солидарност (и правичност, се разбира) подразбираат, да земеш од основано и неосновано збогатените, да редистрибуираш до осакатените не по нивна вина. И да ги извлечеш од „сакатата“ позиција – појаснува Гошев.


 

Повеќе