ИН МЕМОРИАМ: Почина Мојсеј Трајковски, брат на претседателот Борис Трајковски


Денеска по долго боледување почина Мојсеј Трајковски, брат на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој трагично го загуби животот во авионска несреќа.

Тој беше вистински народен човек исто и како неговиот брат Борис Трајковски  и го живееше својот живот посветен на својата земја Македонија и голем поборник за единствена Македонија,им беше познат на струмичани како патриот кој ја сакаше својата татковина  и човек кај кого добрината и љубезноста беа во нераскинлива врска.

За Мојсеј Трајковски потребно е да се каже дека беше и еден од оснивачите на ВМРО-ДПМНЕ уште во 1990 година и беше дел од ОК ВМРО-ДПМНЕ Струмица ,каде активно беше вклучен  во креирањето на  политиките на партијата.

Струмичани го познаваат помеѓу другото и како чаршиски човек ,близок со сите и  по тоа што кога низ струмичкото корзо ќе се прошеташе за да се види со многубројните пријатели кој ги имаше, знаеше од „нога„ да си по муабети на вечната негова тема ,за Македонија, за актуелните случувања и да даде свое видување за истите .

Нема струмичанец кој не го познаваше Мојсеј  ,исто така нема човек од кого ќе слушнете нешто лошо да каже за него како и за неговата фамилија, бидејки секогаш зрачеше со смиреност ,љубезност и една позитивна енергија околу него,  беше пријатен за разговори во секоја област па и често пати и по некој совет да даде  ,да помогне доколку може и сл.

Струмичани изгубија човек и голем пријател ,голем патриот на кого Македонија му беше во секој збор и мисла .

МЕДИА24 изразува сочувство до семејството.

Почивај во мир пријателе!


www.media24.mk

Повеќе