Да се потсетиме со каква радост пристигаше Благодатниот Оган во Струмица изминатите години..


Да се потсетиме како беше пред 2 години пречекувањето на Благодатниот Оган Ерусалимски од наши сограѓани сограѓани во Струмица во Св.15 на денешниот ден..

За благодатниот оган се верува верува дека секоја година на Велика Сабота самиот се пали во Светиот Гроб на Господ Исус Христос во Ерусалим.

Носењето на огнот се смета за голем благослов. Оваа година светиот оган се симна во Господовиот Гроб околу пладне, според месното сметање на времето.

Исто така…

И да не го заборавиме моментот од срцето на Светата Земја, од Светиот град Ерусалим, кога НАШИ Струмичани го однесоа и осветија Првиот Македонски Крст испишан со Господовата молитва Оче наш, на Македонски јазик..

ЛИНК ДО СТАТИЈАТА ОВДЕ…  

ВО ЕРУСАЛИМ СТРУМИЧАНИ ОСТАВИЈА КРСТ НА КОЈ Е ИСПИШАНА МОЛИТВАТА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК!

Тогаш ни изјави братот

од 10.000 народ успееа со Божја помош да влезат 5 те Струмичани и да присуствуваат на тој несекојдневен настан, на симнувањето на Благодатниот Оган.. „

Импресиите на нашите Струмичани стокмени во две реченици тогаш гласеше :

„Да си овде деновиве е вистински благослов и вистинско уживање. Никогаш во животот не сме се чувствувале толку духовно исполнети. И најважно од се’ е тоа што овде знаат за Македонија, и ја почитуваат многу“

„Остануваат само спомените од прекрасните моменти и доживувања и честа што ја имаше Македонија нашиот Крст да биде Осветен во Светата Земја за век и вјеков…„ 

За да се опише чувството преку збор е во најмала рака „ навредливо„ ,бидејќи таму духот е тој преку кој се чувствува ,преку духот се гледа ,духот дејствува преку творецот ….и тоа со збор нема да може нити најдобриот филозоф,писател  да го опише ,но може да ви приближи состојбата на возвишеност и осознавање на тоа дека како луге сме тотално оставени на нашиот Бог да не води ,оние кој му го допуштаат тоа и се предадени знаат која .леснотија е на духот да го оставиш под водство на нашиот Бог и согледаш дека си едноставно многу мал но, не и небитен, во очите на бога и доколку го знаеш тоа и му се препуштиш тоа е најголемиот благослов што можеш да го добиеш .

 


МЕДИА24

Повеќе