Еден од двајцата пациенти заразени од коронавирус од струмичко е излечен


Еден од двајцата пациенти заразени од коронавирус кои се регистрирани во Струмица денеска е потврден како излечен.

Од Министерството за здравство попладнево информираа дека Институтот за јавно здравје денеска регистрираше 24 излекувани пациенти во целата држава, од кои и еден во Струмица. Излечениот пациент од струмичко бил на домашно лекување.

Во општината Струмица од почетокот на пандемијата на коронавирус досега не се регистрирани заболени од КОВИД-19, туку и двајцата пациенти кои се водат во Струмица се од околните општини.

Другиот пациент од струмичкиот регион кој е заразен од коронавирусот од почетокот на април се лекува во болницата во Гостивар.

Во изминатото деноноќие на територијата на целата држава се соопштени само 7 нови случаи на заразени од КОВИД-19, од кои тројца во Тетово и по двајца во Куманово и Кочани. Еден пациент од Лабуништа почина на 70-годишна возраст.


извор: Strumicanet.com

Повеќе