БРАТИСЛАВ ДИМИТРОВ – РЕКВИЕМ ЗА ЦАНКО КУРБЛА

(„Заслепен од божилакот“) Што се случува кога во исто време и на исто место ќе се најдат цицлеста Швеѓанка, дупка на автопат, долго топло лето и Цанко “курбла” од Тафталиџе? Драстично се зголемува тиражот на љубовните романчиња и просторот во црните хроники. Порастот на митови и легенди, се подразбира. Од “книжевната граѓа” со која располагаме јасно се гледа дека на дотичната жителка на шведското кралство, Цанко и сменил автомобилска гума и личен опис. Помеѓу овие два клучни настани, поминале дваесет и три години. Ова е приказна за тој драматичен период.…

Повеќе...

Уставните судии нема да ја преиспитуваат одлуката за распуштање на Собранието

Уставните судии решија да не ја преиспитуваат уставнота и законитоста на одлуката за распуштањето на Собранието. На денешната седница, тие велат дека донеле заклучок оти за ова прашање е веќе дискутирано минатиот месец, кога, пак, констатираа дека од формален аспект, Уставот не бил прекршен. – По дискусијата од страна на сите судии, судиите едногласно зазедоа став дека не постојат услови за прифаќање на иницијативата. Ова е од причина што во случајот станува збор за пресудена работа, што значи дека Судот веќе се изјасни за уставноста и законитоста на оваа одлука…

Повеќе...

Започна Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Загреб

Започна Самитот на ЕУ за Западен Балкан Загреб 2020, кој оваа година се одржува со видеоконференција. Овој Самит ја потврдува определбата на ЕУ дека регионот е составен дел на Европа и геостратешки приоритет за Европска унија. Премиерот Оливер Спасовски изразува искрена благодарност до нашите хрватски пријатели, лидерите на ЕУ институциите и лидерите на земјите членки на ЕУ за можноста да се одржи самитот во видеоконференциска форма што стана наша секојдневна реалност. Самитот во Загреб е симболичен бидејќи точно пред 20 години исто така во овој град беше одржан првиот од…

Повеќе...