БОБАН НОНКОВИЌ – СДС САКА БРЗИ ИЗБОРИ ОТИ ВО ОКТОМВРИ ДЕНАРОТ ЌЕ ДЕВАЛВИРА ДО 75 ДЕНАРИ ЗА ЕДНО ЕВРО, А ПЕНЗИОНЕРИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ ЕДНА ПЕНЗИЈА


СДС САКА БРЗИ ИЗБОРИ ОТИ ВО ОКТОМВРИ ДЕНАРОТ ЌЕ ДЕВАЛВИРА ДО 75 ДЕНАРИ ЗА ЕДНО ЕВРО, А ПЕНЗИОНЕРИ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ ЕДНА ПЕНЗИЈА

Брзи избори во втората половина на јуни или во прв јули месец оваа година му се потребни на СДС и нивниот лидер Зоран Заев само поради една и единствена причина – да ја претрка очекуваната девалвација на македонската платежна валута денар, која ќе биде проследена со депрецијација, а како резултат на тоа и очекувана инфлација што ќе ја втурне Македонија во огромна економска криза која ќе удри силно по џебот на македонските граѓани! Ова хорор-сценарио не е предвидување и/или очекување на македонската опозиција, туку на Европската унија, која периодов ги скенира економиите на европските држави, како резултат на економските политиките на владите, но и на Корона-ефектот, кој ќе има силно влијание врз целата европска, но и светска економија.
Официјален Брисел е во подготовка на есенската економска прогноза за состојбата на економиите во Европа, при што во европската престолнина се шокирани од резултатите во Македонија, која е земја со најголем дефицит на тековната сметка, намалени девизни резерви и силно зголемен надворешен долг од речиси десет милијарди евра уште пред ефектот од коронавирусот, поради што се очекува најдоцна до октомври (а се препорачува уште летово тоа да се стори), македонската Влада да пристапи кон девалвација на националната платежна валута, при што се очекува денарот да дојде и до 75 денари за едно евро!

Девалвација, инаку претставува официјален акт на економската политика со кој се намалува надворешната вредност на домашната валута. Девалвацијата се спроведува со посебна одлука на Владата или на централната банка (што во македонскиот случај е Народната банка на РМ) или со заедничка одлука на Владата и централната банка, при што се намалува вредноста на домашната валута во однос на странските валути. Во македонскиот случај, националната платежна валута е поврзана со еврото.
Но, поради огромната дупка во државниот буџет (во Македонија, на изненадување на светските финансиски центри со изјави на премиерот во сенка Заев, но и на неговиот некогашен заменик во Владата, Кочо Анѓушев, отворено е признато постоењето на сериозен проблем во државниот буџет!) наводно во ек е и депрецијација, каде што домашната валута веќе ја загубила својата вредност во однос на странските валути на девизниот пазар, под влијание на понудата и побарувачката.
Бидејќи дефицитот во тековната сметка на Македонија е неодржлив, а земјата не може да се финансира преку задолжување во странство или намалување на девизните резерви, тоа е знак дека итно е потребна девалвација.

Со оглед на тоа што во случајот со Македонија се работи за мала и отворена економија, каде увозните материјали имаат големо учество во производството, девалвацијата може да предизвика контракција на домашната економска активност и да ги зголеми трошоците на фирмите. Според прогнозите на ЕУ (кои официјално ќе го видат светлото на денот во есенската економска прогноза во септември), во Македонија поголемиот дел од комапниите го финансираат обртниот капитал претежно со банкарски кредити, па девалвацијата, која автоматски ги зголемува и каматните стапки, ќе води кон пораст на овие трошоци, а ќе предизвика и инфлација, што ќе доведе до намалување на реалната парична маса, а тоа до намалување на домашната потрошувачка.

Исто така, најавената и очекувана девалвација на македонскиот денар ќе ги намали и реалните плати (ако сега просечната заработка е 20.000 денари, тоа според сегашнито курс во однос на еврото се нешто над 320 евра, но кога ќе девалвира денарот, истата оваа просечна плата ќе изнесува едвај 260 евра!), а тоа, исто така, ќе води кон пад на потрошувачката. Брисел очекува девалвацијата да ги зголеми и трошоците за отплата на надворешниот долг на земјата, а тоа понатаму да води кон намалување на реалната јавна потрошувачка, а поради сериозниот дефицит на тековната сметка, би се зголемиле расходите за увоз и отплата на долгот, што ќе доведе до пад на домашниот доход и намалување на економската активност.
За Македонија е предвидена уште една опасност, а тоа е влошување на билансот на банките и намалување на кредитирањето, што неминовно ќе доведе до сериозна финансиска криза, како резултат на тоа што во земјата и банките и компаниите имаат големи обврски изразени во странска валута, а девалвацијата ќе ја влоши нето-активата на компаниите и ќе ги направи ризични за кредитирање.

Девалвацијата во Македонија се очекува да има силно инфлаторно влијание кое ќе се изрази преку пораст на цените на увозните материјали. Поради ова, се најавува и сценарио на влез на земјата во спирала „девалвација-инфлација“, каде што девалвацијата ќе ја разгорува инфлацијата, која понатаму ќе ги поткопува ефектите на девалвацијата, заради што ќе биде потребна нова девалвација и така се во круг. Токму оваа спирала ќе ја принуди македонската Влада да се ослободи од притисокот на пензискиот и социјалниот фонд, што во Македонија една Влада на СДС очекувано го прави со крадење на една пензија, што ќе ги удри пензионерите до крајот на годинава, кога наместо 12 пензии, годината ќе ја заокружат со 11 примени пензии, додека слично сценарио се очекува и во однос на дотациите за социјално ранливите групи.

Токму заради ова е ненормалното брзање на Заев и неговите разбојници во македонската Влада, кои изминатиот период ја опљачкаа државната каса, да се организираат избори по секоја цена летово, бидејќи дотогаш нивните „пријатели“ од „меѓународната“ ќе го кријат овој извештај и нема да притискаат за девалвација, а тие би имале поголеми шанси да не доживејат дебакл (прогнозите во СДС се дека и со пораз од пет пратеници помалку во однос на ВМРО дека е можно со нова постизборна гимнастика да се формира Влада) и потоа ќе имаат четири години за најпрво да го спроведат ова економско сценарио, а потоа и да ги дораспродадат државните интереси на Македонија на соседните мршојадни држави!

Од нас (но, пред се од ВМРО-ДПМНЕ како најсилна опозиција во Македонија) зависи дали ќе се дозволи спроведување на ова апокалиптично сценарио за македонската држава…


 

Повеќе