ЦРН БИЛАНС: Денеска повторно починаа три лица, бројката на новозаболени никако да падне

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка  од Куманово (60г), хоспитализирана на клиниката од 27 април. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (59г), примен на 16 мај и пациент од Скопје (51г) хоспитализиран на 4 мај. Во изминатите 24 часа направени се само 286 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-16, Тетово-4, Струга-1, Велес-2 и Охрид-2. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти во: Скопје-7 и Прилеп-1. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани…

Повеќе...

Македонците бараат да се изработи меморандум за мировна конференција за правата на македонскиот народ!

Од архивите на поранешниот претседател на југословенската федерација, Јосип Броз-Тито Истражувајќи во овој архив, историчарот проф. д-р Новица Велјановски издвоил седумдесетина значајни документи од периодот 1943-1953 година. Историската вистина за вековното постоење на македонскиот народ и јазик е ноторен факт, но најзначајниот период од историјата за Македонија по Втората светска војна, односно периодот на првото нејзино конституирање и функционирање како држава, историчарот го издвојува за да ги разобличи отпорите и внатре во југословенската федерација, но и кај соседните држави, во контекст на формирање засебен државен ентитет и нов меѓународноправен субјект…

Повеќе...

Мицкоски: Предложивме три датуми за избори за кои се консултиравме со експерти

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по средбата со лидерите на политичките партии кај претседателот Пендаровски, кажа дека предложил три датуми за избори, и тоа, 23 и 30 август и 30 септември. Според него, во тој период, ќе биде намален интензитетот на пандемијата, па изборите ќе можат да се одржат. Мицкоски посочи дека при одредувањето на предлогот се воделе од тоа да биде заштитено здравјето на граѓаните. – Имајќи ги превид консултациите кои ВМРО-ДПМНЕ ги правеше со експерти од земјава и странство, предложивме три термини кога цениме дека здравјето на граѓаните…

Повеќе...

Д-р Ивчев: Септември е најдобро време за избори, короната ќе стивне во летните месеци

Д-р Јован Ивчев од Болницата „8 Септевмри“ советува дека септември е најдобар термин за избори, бидејќи сега ризикот е најголем, а во текот на летните месеци се очекува короната да стивне. -Јас мислам дека септември е најдобро. Сега нема услови за гласање. За време на топлите месеци ќе намали заразата. Згора на тоа наесен не се очекува втор бран од заразата и ќе се намали паниката меѓу луѓето-вели Ивчев за „Република“. Тој објаснува дека додека целиот здравствен систем се занимава со короната каде смртноста од тие што се заболени е…

Повеќе...

Мицкоски: Избори на крајот на летото ја намалува опасноста по здравјето на граѓаните

Најпрвин да се заблагодарам на присуството на интересот и да ја искористам оваа прилика од мое име и од името на ВМРО-ДПМНЕ да им се извинам на сите граѓани во нашата држава што денеска наместо да зборуваме за мерки за превенции за заштита на здравјето на граѓаните, ние зборуваме за избори кои што би го ставиле во опасност и би го загрозиле здравјето на граѓаните посебно во ден кога имаме повторно нови 25 или 26 дијагностицирани, заразени случаи и уште 3 за жал кој што го загубиле својот живот, затоа…

Повеќе...

Јани Бојаџи – А сега на каде?

Драги мои, секоја генерација доаѓа до моментот кога ќе се соочи со сопственото незнаење! Оваа теорија поставена од Лоренс Петер, изложена како филозофска теза во неговата книга „Правилото на Петер“ (ова е мој слободен превод), издадена во далечната 1969 година, за мене и мојата генерација беше четиво што кога го читавме „не се однесуваше на нас“! Така мислевме затоа што сѐ уште ги имавме одговорите! Но сега, еве, неволно, признавам: се соочувам со Петеровото правило дека го достигнав нивото на сопственото незнаење! Нема како да не се соочам со фактот…

Повеќе...

ТЕЛМА: Трет сет мерки: Картички со 9.000 денари за невработени, ваучери за одмор, викенд без ДДВ

Платежни картички за купување на домашни производи од 9.000 денари, ваучери за одмор од 6.000 денари, картички и ваучери за млади, викенд без ДДВ за сите граѓани. Техничкиот премиер Спасовски го презентираше третиот сет мерки кои го подготви владата за да им помогне на граѓаните и на компаниите погодени од корона кризата. Ќе се поделат околу 100.000 платежни картички со 9.000 денари за купување на домашни производи.  А ќе ги добијат невработените со месечни приходи до 15.000 денари, како и граѓаните корисници на гарантирана минимална помош. Ќе може да се…

Повеќе...

ДАЛИ КОНЕЧНО ЌЕ ИМА ОДГОВОРНОСТ ЗА КРШЕЊЕ НА УСТАВОТ ВО МАКЕДОНИЈА СО ДИСКРИМИНАЦИЈА КОН НЕЈЗИНИТЕ ГРАЃАНИ!!!

ДАЛИ КОНЕЧНО ЌЕ ИМА ОДГОВОРНОСТ ЗА КРШЕЊЕ НА УСТАВОТ ВО МАКЕДОНИЈА СО ДИСКРИМИНАЦИЈА КОН НЕЈЗИНИТЕ ГРАЃАНИ!!! Уставен суд поведе постапка за уставност на одлуката на Владата за нерамноправна положба на граѓаните и дискриминација по старост и изречена е времена мерка со која се става вон сила одлуката на Владата. Дали ова не е класичен доказ за кршење на Уставот и најосновно кршење на правата на граѓаните и нивно најосновно дискриминирање, дали Владата, Оливер Спасовски и посебно Рената Десковска која ги спрема одлуките преку Министерството за правда ќе одговараат кривично за…

Повеќе...

НАРОДНА БАНКА НА МАКЕДОНИЈА – ДЕНАРОТ Е И ЌЕ ОСТАНЕ СТАБИЛЕН❗️

Почитувани, Во врска со шпекулациите на социјалните мрежи со тврдења за домашната валута и упатување на оцени на Европска Унија (ЕУ), во консултација со 🇪🇺 Делегацијата на ЕУ (Delegation of the European Union, Skopje) ве известуваме дека изнесените информации не се вистинити. Граѓаните треба да бидат спокојни. Стабилноста на девизниот курс на денарот била, е и ќе остане наш приоритет. Ние гарантираме дека денарот е и ќе остане стабилен! Апелираме на совесно и одговорно информирање и проверка на вистинитоста на изворите на информации. Секое произволно толкување на информациите, како и пласирањето неточни…

Повеќе...