Лидерската заврши без датум за избори

 


Без постигнат консензус за датум за предвремени парламентарни избори е епилогот од денешната втора лидерска средба кај претседателот на државата. Нова средба на лидерите не е закажана, а во текот на следните денови, како што се најавува, се очекува партиите да имаат меѓусебни разговори.

Власта и опозицијата останаа на своите ставови. Од ВМРО-ДПМНЕ биле за избори на крајот од летото, додека СДСМ за крајот на јуни. За брзи избори се изјасни и ДУИ, од каде сметаат дека дискусиите на лидерската биле плодни и детално се анализирала состојбата во земјата. Додека од Алијанса на Албанците и Алтернатива не се за избори на 21 јуни.

На средбата присуствуваат лидерите на СДСМ Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, на Алтернатива, Африм Гаши, на Движење Беса, Билал Касами и Азем Садику, како претставник на ДПА.


ЛИДЕР

Повеќе