Поставен командир на пожарникари без соодветно искуство


НОВА АФЕРА НА ПОВИДОК И ГРУБО КРШЕЊЕ НА ЗАКОНОТ

Наташа Петровска, градоначалничката на Битола, не само што две и пол години ги помина во карантин, туку во ова нејзино непостоење и нефункционирање, за жал, присутни се и многу елементи на грубо прекршување на законите и исполнување на лични и строго партиски хирови. Многу е јасно, без да се пренагласува во оваа прилика, дека законоите и правилата не се прекршуваат туку така, туку се прашуваме што е во позадина, можеби дури и финансиски криминал, за кој ги повикуваме надлежните институции да реагираат по допрен глас и да ги преземет соодветните дејствија.
Но, да одиме со ред.
Наташа Петровска, грубо ги прекршува законите со последниот избор на командир на одделение во битолската Пожарна, со тоа што во целост незаконски спротивно на чл. 11 од Законот за пожарникарство, избрала кандидат, лицето Александар Ангелески, професор по физичко образование, спротивно на критериумите и условите за соодветното ниво Б4 – командир на одделение. При тоа, повторуваме направени се следниве повреди:
– Членот 11 Б, став 1, став 8, став 11, и став 12 од Законот за пожарникарство.
Александат Ангелески, не поседува три години пожарникарско професионално искуство, зашто не можел да го стекне како вработен во основно училиште, наспроти останатите

двајца кандидати, кои ги поседуваат потребните квалификации и се претходно вработени во Противпожарната територијална единица во Битола.
За жал, овој пат не станува збор за невино прекршување на законите, од незнаење и неспособност, туку најверојатно зад изборот на Ангелески за командир на одделение се крие поголема афера, а најверојатно и голем финансиски криминал, со амин на Петровска и моќници на централно ниво – актуелни директори и министри од Битола.
Ветуваме, дека заради целосно информирање на граѓаните и обелоденување на вистината набрзо ќе ја објавиме аферата која можеби е новиот „Рекет“, овој пат во друга област.

Стефани Најденовска
портпарол на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола

Битолската градоначалничка  го прекршила Законот за пожаникарство, бидејќи дала согласност, професор по физичко воспитување,  да биде избран за командир на одделение во Противпожарната територијална единица во Битола, без соодветно тригодишно искуство во оваа дејност, иако на јавниот оглас  имало уште двајца кандидати со соодветно искуство. Со ваква реакција, на прес излегоа од  ВМРО ДПМНЕ.

Во Соопштението од Општината, се вели дека Ангелески е вработен согласно Законот за пожарникарство , во целост ги исполнува условите за командир на одделение и дека изборот го извршила Комисијата, а не градоначалничката Петровска.

Меѓутоа, така не мислат од  Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија, кои упатија писмено известување до Наташа Петровска, со укажување дека е прекршен законот и да не дозволи да биде манипулирана од Комисијата за избор. Во зависност од нејзината реакција, ќе следат и нашите натамошни постапувања, рече синдикалниот лидер Тони Бошковски.

Иако јавниот оглас беше објавен на 30 јануари, решението е донесено дури минатата недела, а Ангелески како командир кој води смена, веќе работи од четвртокот.

Петар Стефановски

Повеќе