Вербален камшик наместо демократија

Секој Ваш неистомисленик е изложен на безмилосно вербално камшикување му порача Билјана Проеска, кандидатката за пратеничка од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија во ИЕ 5, на градоначалникот на Крушево, по повод неговата реакција на спотот за Крушево на Игор Дурловски.

“Да направиме повеќе за Крушево и крушевчани,да ја промениме перцепцијата на крушевчани дека се заборавени.

Менувањето на односот е менување на перспективите”-порача Игор Дурловски од Крушево!
Точно,господине градоначалник,сменете го односот и ќе имате подобра перспектива,не сте вие единствен,кој имате право да зборувате за Крушево и да се сликате во Крушево.Од каде вам таа перцепција дека името на Тоше Проески само вие можете да го спомните и секој добронамерник мора или вас да ви се придружи т.е на вашите политики или ќе биде вербално “камшикуван”?Крушево е наше место,наша гордост,наше минато и не е ваша своина!Обновата ќе дојде за кратко време!

Повеќе