ЗАЕВ: Oдложување на изборите е штетно за здравјето на граѓаните, за економијата и за демократијата


Секое одложување на изборите е на штета а здравјето на граѓаните, на штета на економијата и на демократијата. Лесно е да се направи разлика меѓу оние што само се повикуваат на здравјето и оние што преземаат конкретни чекори да го заштитат, вели премиерот Зоран Заев во интервју за порталот МКД.

Заев меѓу другото подвлекува дека не е голема визија или одговорност ако 100 пати повториш „здравјето пред се “.

– Многу поголема одговорност е да зборуваш за здравјето додека им помагаш на граѓаните, додека соопштуваш факти и точни  бројки дури и кога тие не се поволни, да се воздржиш од ширење невистини, да работиш на економски мерки што ја креваат потрошувачката и да не дозволиш вонредната состојба да ја загрози демократијата. Оттука, лесно е да се направи разлика меѓу оние што само се  повикуваат на здравјето и оние што преземаат конкретни мерки да го заштитат, посочува премиерот.

Тој очекува ВМРО – ДПМНЕ да учествува на овие избори, кои, како што нагласува, и самите подолг период ги бараа и за кои заеднички се договориле да се одржат на 12 април, по што опозицијата влезе и во техничката влада со свои кадровски решенија.

– Поради кризата ги замрзнавме изборните активности и ги одложивме изборите. Согласно со законските одредби, штом заврши вонредната состојба, продолжууаат и изборните активности, истакнува во интервјуто екс премиерот Заев.


 

Повеќе