ЧУЛЕВ: Има неколку истраги за носители на јавни функции, досега молчевме заради корона вирусот!


Министерството за внатрешни работи отвора неколку истраги во кои инволвирани се и носители на јавни функции, потврди за ТВ21 министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

„Ние веќе имаме отворено сериозни истраги, во областа на организираниот криминал и во областа на корупцијата. Ќе излеземе во наредниот период и со пресови преку кои ќе ја информираме јавноста, а тоа не го направивме претходно поради коронавирусот“, изјави Наќе Чулев во емисијата „10 минути“ на ТВ21.


 

Повеќе