Анита Ангелевска: во слободен пад сте, сами не верувате во тоа што го зборувате

Лицемерно, дрско, безидејно излегувате да зборувате за третиот пакет економски мерки пред битолчани откако претходно ниту по три обиди не успеавме да Ве натераме да гласате за сетот економски мерки кои нашата советничка група ги предложи за да им го олеснеме барем малку опстојувањето и да ја одржиме и така кревката бизнис – клима во Битола.
Не успеавте да ја натерате градоначалничката Петровска да размисли и да им излезе во пресрет на битолчани, а имаме полно разбирање како се чуствувавте кога три пати безумно и без никакво објаснување ги одбивавте нашите предлози.
Но, сепак, покрај полното разбирање и колегијалната обзирност морате на граѓаните да им објасните зошто сеуште поданички се однесувате во Советот, какви и чии интереси штитите, на Петровска и нејзиното лоби или на анонимусите – кандидати за пратеници, кои и Вие сами велите, дека добро не ги познавате.
Како не се страмите да читате пред граѓаните текстови кои и Вие тешко ги разбирате, а уште повеќе без никаков срам пред граѓаните се обидувате да соопштите нешто неразбирливо, а за волја на вистината, ниту стопанството, ниту граѓаните не видоа никакво фајде досега од првиот пакет економски мерки од оваа власт во заминување.
Многу сте збунети и тоа е разбирливо, пред колапсот на изборите и поразот кој што свесно го очекувате, ама јунаците на маката се познаваат и никогаш не го губат достоинството.
Колеги советници од позицијата, имајте доблест, исправете ги главите, кренете го погледот и чесно признајте дека лажевте и дека не сте во состојба ништо да сторите за граѓаните на Битола.
Уште еднаш Ве повикуваме јавно пред битолчани, имајте доблест и прифатете го сетот економски мерки што три пати досега го одбивте. Смогнете сили, објаснете и на Наташа, а претседателот на Совет, Валентин Груевски, по втор пат нека закаже преку медиумите вонредна седница само со оваа точка на дневен ред, ама под услов овој пат да не биде тој самиот излажан и пред граѓаните да ја зборува вистината. Ние сме подготвени и Ве очекуваме.

Анита Ангелевска
советничка ВМРО ДПМНЕ
Совет на општина Битола

Повеќе