Лекарската фела незадоволна што Комисијата за заразни болести потклекна под диктатот на Заев


Докторската фела е лута на Комисијата за заразни болести, бидејки потклекнаа на притисокот на Заев, оставајќи ги зад себе се повисокиот број на заразени од ковид-19. Се прогласи олабавување на мерките, се тврди дека опасноста поминала, се затвораат очи пред реалните бројки на починати од коронавирус.

И кога регионот одбива да ни отвори граници токму поради најлошата епидемиолашка слика во споредба со балканските земји. Комисијата за заразни болести во Македонија за да му удоволи на Зоран Заев да истурка избори, остана нема и пред апелите на своите колеги дека не е вистинско време и дека здравјето на граѓаните е пред се.

Граѓаните безрезервно исто таа веруваа во лекарите кои ја сочинуваат оваа комисија со голема поддршка на нивната работа сите веруваа дека се водат по Хипократова заклетва, но за жал денешната реалност ги разочара сите, политичките амбиции на одредени членови на комисијата, како и други интереси кои се под диктат на Заев ја создадоа сликата со која денеска сите се бориме.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2164, бројката на оздравени пациенти е 1535, на починати е 131, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 498.


КУРИР

Повеќе