Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова-„ШЕГОВИТА“ ИЛИ ТАЖНА И МАЧНА РЕАКЦИЈА?


„ШЕГОВИТА“ ИЛИ ТАЖНА И МАЧНА РЕАКЦИЈА?

По реакцијата на бугарскиот заменик министер за надворешни работи, Георг Георгиев на честитките, по повод празникот на сесловенските браќа „Св. Кирил и Методиј“, ТАЖНО квалификувани како „ШЕГОВИТИ“ си велам: дали за бугарската власт е „шега“, ФАКТОТ дека „Св. Кирил и Методиј“ е национален празник на Словачка, како и национален празник на Чешка, ама тие, иако беа една држава: Чешко-Словачка, во која се славеше „Св. Кирил и Методиј“, по одвојувањето, не се расправаа околу СВЕТИТЕ БРАЌА.

Инаку, Словачкиот устав потсетува на историското наследство на Голема Моравија, која била вазалска словенска држава во IX век, а Чешкиот, на Моравија и Бохемија и Силесија! Обете влегоа во ЕУ во 2004, без условување.

Дали, според бугарската логика, Словачка и Чешка, заради заедничка историја, на патот кон ЕУ требаше со комисии да ја разграничат „СОПСТВЕНОСТА“ врз историските настани и личности?
„Шега“ ли е повикувањето на Словачката нација на „духовното наследство на Светите браќа КИРИЛ и МЕТОДИЈ во ПРЕАМБУЛАТА на Словачкиот устав? Не, не е! Почит е.

Ќе инсистира ли Бугарија на промена на Уставот на Словачка? Не, се разбира.
Ќе ја попречи ли Бугарија Република Србија на патот кон ЕУ затоа што српската влада одлучи да го прогласи 24 мај, денот на „Св. Кирил и Методиј“ за национален празник? Ке бара ли заедничко чествување и со српската власт?
Ќе се формираат ли словачко-бугарска, чешко-бугарска, полско-бугарска, руско- бугарска, или српско-бугарска комисија за преговарање „ чии се“ солунските браќа Кирил и Методиј, кои „ су шетали свуда“ (Зоран Заев)?

Се разбира, НЕ! Во овие држави, челниците на власта ги ЗАСТАПУВААТ и бранат НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ секаде, па и во ЕУ!

ПОВТОРУВАМ: Македонија не смее да биде sui generis држава, на која, сите други ДРСКО ВЕЖБААТ ДРЖАВНОСТ: и го менуваат името, и го негираат јазикот, и ја пишуваат националната историја, и го дизајнираат „националнитот“ идентитет.

За жал, НЕКОИ НАШИ СОСЕДИ, ОСИЛЕНИ СО ЕУ ЧЛЕНСТВОТО , КОЕ ГО (ЗЛО) УПОТРЕБУВААТ НА ОЧИГЛЕД НА ЕУ , си ОСТАНАА ОНА ШТО СИ БЕА: ФРУСТРИРАНИ БАЛКАНСКИ ЕНТИТЕТИ, заробени во ГОЛЕМОДРЖАВНИ СОНИШТА!

За нивна „среќа“ и наша ГОЛЕМА НЕСРЕЌА, (НЕ)МАКЕДОНСКАТА власт е ПОДАТЛИВА за потхранување и лекување на нивните мегаломански комплекси. НАРОДОТ, пак, како да гризнал од затруеното јаболко на ГРДAНА и ЗАСПАЛ, сонувајќи ЕВРОПСКА РАЈСКА ГРАДИНА!

НЕ СМЕЕМЕ БИДЕМЕ ЗАСПАНАТА СНЕЖАНА која го чека БАКНЕЖОТ на ЕВРОПСКИОТ ПРИНЦ за да ја РАЗБУДИ. МОРА ДА СКОКНЕМЕ од СОНОТ И ДА КАЖЕМЕ „ НЕ“, како ГОРД НАРОД, како РАМНОПРАВНА НАЦИЈА, како ОДВАЖНИ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИНИ!

„ШЕГОВИТА“ ИЛИ ТАЖНА И МАЧНА РЕАКЦИЈА? По реакцијата на бугарскиот заменик министер за надворешни работи, Георг…

Julkaissut Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова Perjantaina 29. toukokuuta 2020

Повеќе