На денешен датум, 31 мај 1998 година, почина Драган Богдановски.


На денешен датум, 31 мај 1998 година, почина Драган Богдановски. Тоа е човек
со извонредно богата биографија, непоколеблив борец за остварување на македонските илинденски (Гоцеви) идеали, односно идеи за ослободување и обединување на сите делови од Македонија. Богдановски 30 години се наоѓал во челните редови на патриотски настроената македонска емиграција.
Роден во 1929 година во с.Клечовце, Кумановско, потекнува од позната селско-земјоделска фамилија со патриотски корени (дедото на Драган е илинденец-комита во четата на Атанас Бабата). Основно училиште завршил во родното село, а средно образование во Куманово и Битола, по што во 1948 год. се запишува во Белград (Земун) на факултет за Земјоделство и Шумарство. Во Белград уште во третиот семестер од студиите се пројавува како иницијатор за формирање на “Македонски студентски клуб”, за која активност бил затворен и издржал казна од 4 месеци во злогласниот затвор на Обилиќев Венац. По излегувањето од затвор бил исклучен од факултетот без право на упис на било кој факултет во Југославија.
Таа драконска мерка на факултетските власти во основа го менува животот на Богдановски. Одлучил да ја напушти земјата и во пролетта 1950 год.,
заедно со неколкумина колеги студенти,
кај Гевгелија ја преминува границата.
По задолжителен престој во бегалски логор, кон крајот на 1950 год. заминува за Јужна Америка, каде престојува во Аргентина и Бразил до 1954г.
Желбата за наука не го напушта, за што се вратил во Париз и на Сорбона запишал Факултет за политички науки и журналистика. Уште веднаш започнал со политичко дејствување, ја формира организацијата “Македонски национален фронт” и започнал со издавање на весникот “Македонска искра”.
Од овој весник успеваат да излезат неколку броеви и по реакција на Југословенската и Грчка амбасада бил забранет.
Во 1958г. се жени со Брита, ќерка на тогашниот главен архитект на Осло,
со која заминува да живее во Норвешка.
Со неа има два сина (Пер-Арне и Иван).
Во Осло оспособува печатница на кирилично писмо и преку пишан збор со неговата национално-политичка активност придонесува во борбата за обединување на Македонија. Во 1958 год. се јавува како покренувач за издавање на повеќе весници, списанија и книги за Македонија и Македонското дело. Во Осло го издава списанието “Македонска лоза”, и “Слободна Македонија”, потоа весникот “Македонија”, списанието “Македонска нација” и сл.
Неговата активност најмногу била изразена како иницијатор за основање на бројни политички организации на Македонците во странство.
Споменатите гласила наидуваат на голем одзив кај Македонската емиграција. Со тоа всушност започнува будење на Македонците и Македонството во светот.
Во 1963 г. доаѓа до формирање на прва македонска национална организација ОКМ (Ослободителен комитет на Македонија), која организација во 1972г. се трансормира во ДООМ (Движење за ослободување и обединување на Македонија). Драган на чело на ова организација бил уште во 1967.
Се организирала кражба на неговата печатница во Минхен (од Осло пренесена во Брисел па во Минхен) во која се печати списанието “Македонска нација”.
Драган Богдановски бил голем борец против сите оние што го негираа постоењето на Македонската нација и Македонскиот етнички идентитет.
Во тој период (1958-1977) најголема битка водеше против “МПО” на Ванчо Михајлов.
Всушност Драган Богдановски за прв пат
бил оквалификуван како противник на Југославија, по состанокот со Владо Дапчевиќ, еден од творците на “Нова КПЈ”, формирана со подршка од тогашниот СССР, кој на таков начин сакал да ја преведе Југославија во тогашната социјалистичка заедница и Варшавскиот договор.
Во акцијата за расчистување со “опасните емигрантски кругови”, донеле одлука за доведување на Драган Богдановски во Југославија и негово судење.
Како раководител на ДООМ во 1977 год. Драган е киднапиран во Париз и доведен во Југославија. Него го киднапираат припадници на тогашната СДБ во станот на друг член на ДООМ, и со дипломатско возило бил пренесен во Љубљана,
а подоцна и во Скопје.
Со врзани очи бил одведен во полициски објект во близина на Македонски Брод
каде што е под истрага 18 месеци.
Судскиот процес против него бил организиран зад затворени врати,
на кој процес бил осуден на 13 години затвор, од кои издржува 11 години во затворот Идризово. По излегувањето од затвор извесно време живее во Скопје,
а штом добива патна исправа заминал во Шведска, каде ја подготвувал програмата за формирање на национална политичка партија во Македонија (која политичка програма бива отпечатена во весникот “Млад Борец”). Таа партија по идеја на Драган Богдановски треба да се вика “#ДемократскаПартијанаМакедонско #НационалноЕдинство” ДПМНЕ. Интелектуалец по образование и визионер за иднината на политичката акција во Македонија, Драган Богдановски во 1990 година заедно со Гојко Јаковлески од Берлин, се состануваат во Минхен, каде се донесува одлука за формирање на партијата со предзнак ВМРО.
На состанокот присуствувале и
Владо Транталовски од Ресен,
Борис Змејковски и Љупчо Георгиевски. Партијата се формирала и регистрирала во Македонија.
На првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ одржан во Прилеп на 6 и 7 април 1991г.,
Драган Богдановски е избран за почесен претседател на партијата, а од 1991 до 1993г. е претседател на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Европа.

Мошне бргу (меѓу првите) ја согледува својата заблуда околу изборот на Љупчо Георгиевски за претседател на партијата чиј директен основач и идеолог е самиот Драган Богдановски. На крајот на 1993г. доаѓа до конечно разделување со партијата што самиот ја основа и и го внесе македонскиот дух, по што прави обид за формирање на нова партија “Македонски национален фронт” со седиште во Прилеп, која партија во одсуство на Богдановски
не успеала да заживее.
Драган се вратил во Шведска и продолжил да работи на идејата на која и го жртвувал целиот свој живот.
Умира на 31.05.1998 година во воз
(во местото Фредериција, Данска), на пат од Шведска во Германија. Погребан е во присуство на фамилијата и најблиските и до крај верни пријатели и соработници во Куманово.

Вечна му слава!


На денешен датум, 31 мај 1998 година, почина Драган Богдановски. Тоа е човексо извонредно богата биографија,…

Julkaissut Vankover Mancev Lauantaina 30. toukokuuta 2020

Повеќе