ДЕРКОСКИ: Нема да свикам седница на ДИК без решение за нов датум за избори од претседателот на Собранието

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски смета дека нема причина за закажување на седница на ДИК заради фактот, што според него, за да продолжи целиот изборен процес треба прво претседателот на Собранието Талат Џафери да донесе решение со нов датум за избори. За МИА вели дека ниту кажал дека денеска ќе свика седница, ниту, пак, планира да го направи тоа додека не добие решение од претседателот на Собранието. -Без да го добиеме тоа решение не гледам причина за седница. Тоа е според Изборниот законик. Од денеска сме во…

Повеќе...

Каракамишева за Алфа: Уставот јасно утврдува како и кога може да има избори

Рокот истече, заврши вонредната состојба во Македонија. Правните експерти предупредуваат дека уредбите со сила на Закон повеќе не важат, односно од синоќа на полноќ. Професорката Тања Каракамишева во изјава за Алфа рече дека Уставот е јасен, а вклучително и за изборите кои можат да се одржат, но само со распишување на нова одлука со нов термин, односно 90 дена од сега. Алармираат дека истекот на вонредната состојба ја враќа државата во јасни, уставни и законски рамки кои мора да се почитуваат. Професорката Гордана Силјановска Давкова пак, ја потсетува ДИК на…

Повеќе...

Однесени од виорот на прогресивното безумие

Кој владее кај вас? Еден што ни кажа дека Господ го црпнал од нива. Потоа фрли сидро за да заплови државата. Ама, ебем ти глуп народ, не го разбира. Судски реформи? Рекет, стриптиз, нинџи и трас-трас. А со пандемијата како се справувате? Со неа се справува едно куче. Ама цврсто куче. Економија? Крадеме од сиромашните, им даваме на богатите. Уметност? Забрануваме политички некоректни серии, филмови и книги, ама затоа гребеме сонца. А од што живеете? Од датуми. Неколкупати годишно добиваме датум што ни носи блескава иднина и ни плаќа сметки.…

Повеќе...

ТРАМП: Ја завршуваме ерата на бесконечни војни, работа на нашата војска е да ги брани САД, не да решава проблеми во далечни земји

Американскиот претседател Доналд Трамп пред дипломците на воената академија Вест поинт вчера изјави дека негова работа е да ги брани виталните интереси на САД, а не да води бесконечни војни во далечни земји. Неговтата изјава уследи откако се соочи со критики поради плановите за повлекување на речиси 10.000 војници од Германија. – Ја завршуваме ерата на бесконечни војни, истакна Трамп. Тој додаде дека задачата на американскиот војник не е да ги обновува меѓународните односи туку да ги брани САД од странскиот непријател. – Не е работа на американската војска да…

Повеќе...