Ефтимов: Завршува едно владеење без усул на СДСМ


Дејанчо Ефтимов, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес конференција во струмичкото ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека завршува едно владеење без усул на СДСМ, што остави трајни последици врз нашата нација и држава.

Интегрален текст од прес конференцијата:

Почитувани сограѓани! На 15 јули се закажани најважните избори во историјата на нашата татковина Македонија. Завршува едно владеење без усул на СДСМ, што остави трајни последици врз нашата нација и држава.

Почитувани, Македонија нема да заборави кој направи во оваа наша земја хибриден режим, во кој убијци шетат на слобода, а патриоти лежат во притвори.

Македонија не заборава кој од земјава направи негативен пример за корупција и криминал. Македонија нема да заборави дека СДСМ го уништи земјоделието и дека го загади воздухот како никогаш порано.

Македонија нема да заборави дека до толку е запоставен здравствениот систем што станавме „Вухан во Европа“.

Конечно, Македонија нема да заборави како се вика! Нема да заборави кои се темелите на нашиот идентитет.

На 15 јули народот ќе избере помеѓу овие кризи што ни ги создаде Зоран Заев и победата на разумот.

Победа на ВМРО-ДПМНЕ и почеток на обновата со докажани и квалитетни кадри.


Повеќе