ГАЈЗЕР: Заев е исплашен, затоа брза на избори, а сликата во Македонија ќе се промени по изборите, особено ако Доналд Трамп освои нов мандат


Словенечкиот аналитичар и професор по геополитика Ларис Гајзер го раздрма целиот Балкан кога ја откри аферата „Рекет“ низ серија текстови и снимки во весникот „Верита“, кои ги објави во август минатата година, пишува Ало.рс.

Аферата доби епилог пред два дена кога Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева се осудени на 9 односно седум години затвор по обвинението дека од ноември 2018 година до април 2019 земале 1,55 милиони евра од Јордан Камчен, еден од најбогатите Македонци, а за возврат да му ја „олеснат позицијата“ во предметот Империја на СЈО во кој беше првоосомничен.

-Се надевам, како и веројатно голем дел од Македонците, дека оваа пресуда е само почеток. Мислам дека јасно докажав дека врвот на злосторничката пирамида беше политички, како и дека политичкиот врв тесно соработувал со дел од правосудниот систем. Впрочем, дури и јавното обвинителство го воделе истите лица за кои открив дека се поврзани со огромниот мафијашки октопод развиен во време на владеењето на Зоран Заев. Сепак, не можеме да очекуваме дека виновниците сами себе ќе се осудат, наведува Гајзер за „Ало“.

На прашањето дали по пресудата на Боки 13 и Катица Јанева очекува и нови обвиненија, одговара:

-Мислам дека сликата ќе се промени по изборите во Македонија, особено во случај Трамп да освои втор мандат. Последните месеци Зоран Заев сакаше брзи избори бидејќи беше исплашен од можната казна. Сега може малку да дише, но по изјавите на Боки во судот (Боки 13 му порача на судот дека парите може да ги најде кај браќата Заев), можеме да очекуваме почеток на втор круг. Во променето политичко друштво и чист правосуден систем, сигурен сум дека Боки и Катица ќе пронајдат храброст да ја кажат целата вистина за многу тажен дел од македонската историја

Кога станува збор за поранешниот премиер Зоран Заев, Гајзер вели:

-Заев уште во август минатата година стана неважен во меѓународното друштво. По речиси една година од моите текстови никој во светот не верува во неговата невиност. Според тоа, тој е бескорисен за вистинските политички играчи. За СДСМ е политичко самоубиство дури и ако уште го води како лидер на следните избори. Неговата присутност го осудува да биде поразен. Сето ова се добри аргументи во корист на ставот дека тој е минато во политичката арена, со или без продолжување на судската постапката, вели Гајзер за Ало.рс.


Повеќе