Џон Клис е дебела црнкиња што тепа антирасисти


Оние што денес во име на некаква борба против расизам, хистерично напаѓаат и сатанизираат неистомисленици, палат и крадат туѓа сопственост, бришат, според нив, политички некоректна историја и сакаат да спроведат цензура на мечтите и хуморот, всушност се вистинските расисти. Зошто? Затоа што себеси се доживуваат како посебна раса, тие во себе гледаат надлуѓе

Размислувам. Превртувам мисли. Се преиспитувам. Да не случајно сум залутал со ставови. Не, не сум залутал. Јас сум антирасист. Не поднесувам расизам. Во никаква форма. Чекај сега, па тоа значи дека јас, „Антифа“ и „Блек лајвс медер“, сме на иста страна.. А не, тогаш сепак сум расист. Не поднесувам хистерична раса што се умислуваат надлуѓе. Кога ги гледам, онака разулавени, веднаш се претворам во дебела црнкиња што млати бледолики кретени, кои дошле да ми го кршат дуќанот борејќи се за моите права. Океј, се договорив со себе. Јас сум антирасист, кој по изгледан прилог на Си-ен-ен се претвора во дебела црнкиња што млати активисти на „Антфа“. Има логика.

Затоа ќе се зачленам во Демократската партија на САД. Онаа на Клинтонови, Обама, Бајден. Они ќе ме прифатат како албино, кое одвреме-навреме добива супермоќи и станува дебела црнкиња. Оти тоа е една антирасистичка партија. Во својот корен, антирасистичка. Кога расистот Абрахам Линколн го поднесе амандманот за укинување на ропството, најголеми противници на ова беа демократите. Што е логично. Не може расист да укинува ропство. Денес го укинува ропството, а веќе утре ќе им даде право на глас на црнците и некои од нив ќе гласаат за Трамп. Ужас! А кога ќе добијат право црнците што утре ќе гласаат за Трамп, ете ги и жените кај бараат глас и оп уште гласачи за мажот ѝ на Меланија, која поим нема како се бомбардира Либија. Затоа демократите што не сакале укинување на робовладетелство се антирасисти, оти сакале да спречат расист како Линколн да го донесе тој расистички амандман. Има логика.
Русјаков, што си ти, демократ или дебела црнкиња од почетоков на колумната?
Се извинувам, драги читатели, од овој момент ѝ ја предавам колумната на дебелата црнкиња затоа што има сукало во рака и опасна расистичка гримаса на нервозното лице. Повели, мила!

Благодарам! Барам ова расистичко дувло од демократска партија итно да се забрани и да се избрише засекогаш од историјата.
Ама зошто, мила?
Затоа што се расисти што не сакале слобода за робовите.
Ама они се антирасистички расисти, мила, кои се грижеле во иднина некои црнци да немаат можност да гласаат за Трамп и да го сакаат „Однесено од виорот“.
Чекај, чекај, не може да ме убедат дека една книга и филм како „Однесени од виорот“, е порасистичка од самиот корен на расизмот, кој гласа против укинување на ропство. Затоа добро е домовите и имотите на демократските првенци, конгресмени и сенатори да се запалат и ограбат, оти ако оние од „Антифа“ палат и пљачкаат дуќани на обичен народ, тогаш сосема е нормално да им се направи истото и на оние што се дел од партија што поддржувала робовладетелство. И не прекинувај ме веќе, да не заигра сукалото.

Добро, мила!
Е сега, не може само демокративе да ги обвиниме за расизам. Вистина, републиканците го укинаа робовладетелството, ама сите оние расисти од Југот, членовите на „Кју клукс клан“, повеќето од нив се симпатизери на таа партија. Башка, кога ќе им ги соблечеш оние глупи костуми на ККК добиваш „Антифа“. Различно, ама исто. Затоа мора да се укине и Републиканската партија на САД.
Ама тука се раѓа мал проблем. Ако двете американски партии се расистички, не може да се лажеме и да не признаеме дека самите Соединети Американски Држави се една суперрасистичка држава. Таа е создадена преку геноцид врз домородното население. Изградена е со трудот на стотици илјади африкански робови. Затоа е логично САД да се запалат до темел, да се забранат да постојат и да се избришат од историјата. Оти, не може да се брише еден Ганди, кој на дваесет и кусур години кажал нешто расистичко, а ваму да останат САД, кои промовирале неверојатно гаден расизам.

Но, САД не паднаа од небо. Секому му е добро познато дека тие настанаа како последица на колонизирање од страна на Европејци. Ги колонизираа Африка, Блискиот и Далечниот Исток и секако, новоткриениот свет. Па тргуваа со луѓе. Пљачкаа природни ресурси. Затоа, треба да се забранат, изгорат до темел и ограбат сите оние колонизатори како Португалија, Холандија, Велика Британија, Франција и Шпанија. И секако да се избришат од историјата. Затоа што се расисти. Па сигурно се поголеми расисти од браќата Делбој и Родни и серијата „Фаличен пансион“.
Ама Џон Клис, мила, во „Фаличен пансион“ ги вреѓа Германците, а тоа е расизам.
И Германија треба да се забрани, уништи и избрише од сите светски учебници поради нацизам, шовинизам и расизам. И Белгија исто.

Ама, зошто Белгија, мила?
Расисти. Сечење раце на Африканци како трофеи и зоолошки градини со црнци во кафези. Па ако Черчил е расист, што е тогаш ова?
Мила, може сега да ми ја вратиш колумната за да извадам заклучок. Ти ветувам дека веднаш потоа ќе имаме расистичко антирасистички секс, оти јас дебел албино антирасист, а ти дебела црнкиња што млати бледолики антирасисти.
Те држам за збор, пази што си рекол, да не игра сукалово.
Заклучок! Оние што денес во име на некаква борба против расизам, хистерично напаѓаат и сатанизираат неистомисленици, палат и крадат туѓа сопственост, бришат според нив, политички некоректна историја и сакаат да спроведат цензура на мечтите и хуморот, всушност се вистинските расисти. Зошто? Затоа што себеси се доживуваат како посебна раса, тие во себе гледаат надлуѓе. Борбата против расизмот им е само маска, како што на нацистите во Германија им била маска, борбата против наводната еврејска доминација над германскиот народ. Затоа, освен расисти се и нацисти. И сплотени се како снопови по светски невладини „ал каеди“.

Во првиот миг кога ќе имаат доволно сила, ќе кренат логори за неистомисленици, како во најсуровите денови на сталинизмот. Нивната „идеологија“ е генетски модифицирана хистерија составена од сите можни налудничави движења што ги запишала историјата.
Од премногу вообразен елитизам, суетна исклучивост спрема другите и арогантна хистерија, обездушени се, а тоа ги прави фалични.

Затоа гледаат непријател во Џон Клис и неговиот „Фаличен пансион“, оти таквите како монтипајтоновскиот гениј, преку својот хумор, го демаскираат лицемерството, изопаченоста и лажниот морал на секоја забегана елита, која сака преку сила да ги наметне своите темногледи. Затоа селектираат, забрануваат, укинуваат. Тоа што некому сега му изгледа како борба против расизам, веќе утре ќе му се покаже како изопачена намера да се забрани и уништи сè што не е дел од нивната генерална линија на униформираната политичка коректност што само тие ќе ја определуваат.


Нова Македонија

Пишува:Александар Русјаков

Повеќе