Битола: СДСМ од Битола ја започна кампањата без битолчани

Денес дојдоа во Битола, повторно со лаги да замајуваат и да почнат кампања од Битола, двајца небитолчани.
Лоша одлука и погрешен чекор во старт.
Сериозно загрижува фактот ако тоа е последица на длабока кадровска криза во битолската СДСМ, а Радмила Шеќеринска и Наташа Петровска се препознатливи дури и кога се кријат со шлемови, по нивните дела и добробит за битолчани.
Од тоа бегање нема.
СДСМ и нивните кандидати за пратеници повторно изгубени и во хаос.
Почнувале здравствено безбедна кампања, така изјавија денеска, па можеле уште повеќе и можеле подобро.
Ако не се справија со најголемата здравствена криза досега, заради сопствената неспособност и алчност, многу се излагале, дека сега пред избори ќе можат повторно да ги манипулираат битолчани, само со тоа што ќе им поделат маски.
Два пати истите лаги не поминуваат,а вистината е дека едно е сигурно можат да бидат уште понеспособни, можат да напредуваат во криминалот и корупцијата, можат се да распродадат како што го направија тоа со Македонија, можат да ги остават битолчани без ниту една инвестиција и ниту едно ново работно место, можат да го интензивираат политичкиот прогон, без скрупули да им се одмаздуваат на неистомислениците.
Тие, почитувани, добро покажаа дека и дури можат бесрамно повторно да ветуваат чист воздух, реконструирани улици, гасификација и што уште не.
Почитувани, 15 јули е вистинскиот одговор на сите потценувања, страдања, немаштии и навреди. Само заедно можеме да се избориме за обнова на Битола и за обнова на Македонија.

ОК ВМРО ДПМНЕ Битола

Повеќе