МИЛОШОСКИ ГО ДОПОЛНУВА СКАНДАЛОТ: Ако го гонат Дончев, можат да стигнат до Заев и Никола Тодоров, затоа нема истрага!


Антонио Милошоски, кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Канал 5 вели дека не се покренува истрага за поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев бидејќи таа може да стигне до претседателот на СДСМ Зоран Заев и поранешниот министер Никола Тодоров.

„Цела јавност знае дека не се покренува истрага за Ден Дончев затоа што таа истрага може да стигне и до Зоран Заев и до Никола Тодоров поранешниот министер и на таа истрага може да се види дека некоја бил рекетиран на месечна основа и дека некој мора да носи цел куфер со пари до Струмица за да нема постапка“, истакна Милошоски.

Милошоски нагласи дека Јавното обвинителство, а претходно и Специјалното јавно обвинителство се политичка алатка за Заев да може да рекетира, да уценува или да деградира политички неистомисленици.

Јавното обвинителство во моментот како и СЈО претходно се само политичка алатка за Зоран Заев да изрекетира сопственици, или да уцени, или да деградира политички неистомисленици, рече Милошоски.


 

Повеќе