Битола ВМРО ДПМНЕ: Животот и здравјето на граѓаните се бесцнети

др.Олга Лозановска кандидат за пратени во ИЕ5 ВМРО ДПМНЕ и Коалиција за обнова на Македонија
Почитувани, покрај економски, најголем и најчувствителен колапс Македонија со оваа неспособна, криминална и предавничка власт, доживеа во здравството.
Најголемата светска здравствена пандемија со КОВИД 19, за жал во Македонија само ги потврди катастрофалните политики во здравството, лошите решенија и одлуки кои ги донесе оваа власт.
Еве, уште еднаш, како многупати досега прашуваме:
– зошто повеќе од две години не работи ангиографот и зошто во функција не е ставен акцелераторот, за да можат оваа категорија граѓани терапијата да ја примаат во Битола? Ваквите состојби во здравството мора да се променат, зашто човечкото здравје и човечкиот живот се бесценети.
Затоа ВМРО ДПМНЕ се обврзува на 20% повисоки плати во здравството за сите – линеарно во еден четиригодишен мандат континуиран раст од вкупно 20% на платите на лекарите, стоматолозите, средниот медицински персонал и техничкиот и административниот персонал.
Се обврзуваме дека уште во првите 100 дена со интервенција во законот ќе му овозможиме на медицинскиот персонал, лекарите, техничкиот персонал покрај услугите кои што ги даваат во државното здравство, да даваат услуги и во приватното здравство и обратно.
Се обврзуваме и на утврдување на достоинствена гарантирана плата за специјализантите и платени дежурства.
Македонското здравство, го обновуваме со реконструкција на болниците во Битола, а ќе бидат реконструирани и болниците во Велес, Кичево, Струмица и Струга.
Тоа значи квалитетни услуги за луѓето со загрозено здравје.
Се обврзуваме на воспоставување на модерен вистински ургентен траума центар.
Обновата во здравството значи и ревидирање на позитивната листа, повеќе бесплатни лекови за ранливите групи.
Целосна дигитализација на здравството – на рецепти, упати, извештаи и резултати. Дигитализација на радиолошките единици, нивно поврзување во единствен центар за да се скратат процедурите и да им се олесни пристапот до здравствениот систем на граѓаните.
Се обврзуваме и на зајакнување на дежурните служби и итната медицинска помош – поголема достапност во текот на 24 часа на здравствените услуги на граѓаните.
Се обврзуваме на обнова која значи ослободување од административни процедури на матичните лакари, континуиран раст на вредносната капитација кај матичните лекари, воведуваме и електронско работење и ослободување од десетици административни процедури.
ЗАЕДНО за обнова на здравството и Македонија на 15 Јули!

Повеќе