Битола ВМРО ДПМНЕ: Молк од Козаров за вработувањето на сопругата и кумот

Васко Мавровски ВМРО ДПМНЕ

Дали е точно дека сопругата на Горан Козаров, веќе 6 месеци е вработена како раководител на финансии во Националната Установа Народен Театар Битола? Дали тоа Козаров го направи како прва задача, знаејќи дека набрзо им следува изборен пораз и место во опозиција?

Дали е точно дека за раководител на сестринската фирма на ЈП Водовод, ДООЕЛ ХЕП Битола, го назначи лицето Оливер Сливовски, без спроведена транспарентна постапка, а само заради тоа што се во кумовска врска? 

Ова се само двете прашања кои Горан Козаров, кандидатот за пратеник и неколкугодишен директор на ЈП Водовод е должен да ги одговори пред граѓаните. 

За жал, глумејќи зафатеност со својата пратеничка кампања веќе неколку дена свесно ги игнорира граѓаните и целокупната јавност, продолжувајќи со лицемерието и исклучиво работејќи само на своите лични интереси.

Нам, почитувани, ни останува да бидеме упорни и гласно да ги поставуваме прашањата кои се од интерес на граѓаните, а господинот Козаров сепак да размисли околу фактот дека довербата се добива со искреност и чесност, а не со лицемерие и манипулации.

Повеќе