Панова: 15 години локална власт на СДСМ во Струмица, но и еден мандат на Владата на Заев, не беа доволни да ја реконструираат улицата „Цветан Димов“


„15 години локална власт на СДСМ во Струмица, но и еден мандат на Владата на Заев, не беа доволни да ја реконструираат улицата „Цветан Димов“. Проблемот на граѓаните го користат само како предизборно ветување, а резултатите ги нема никаде“ – кажа Ели Панова, кандидат за пратеник во Изборната единица 4 од Коалицијата „Обнова на Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрален текст од прес конференцијата:

Почитувани сограѓани, од денеска започнуваме да ви даваме одговори, оти, на 15-ти јули вие треба да го заокужите бројот 14.

Денеска се наоѓаме на улицата Цветан Димов, каде веќе 15 години локалната власт на СДСМ во Струмица, но и еден мандат на владата на Заев не беа доволни да ја реконструираат. Проблемот на граѓаните го користат само како презизборно ветување, а резултатите ги нема никаде.

Замислете, по толку многу совети, елаборати, ветувања…

Тажно е да кажеме дека ова е место кое се наоѓа речиси цо центарот на Струмица, каде секојдневно поминуваат илјадници луѓе. Граѓаните мака мачат кога врне дожд, некои пак и одбиваат да движат по улицата, бидејќи е тотално непреодна, а да не зборуваме за децата кои не можат да стигнат на училиште.

Почитувани сограѓани, ова е „Блескавата европска Струмица“ за која зборуваше Заев. Но за да нема крај на ова лудило, Заев покрај локалните изградени патишта, започна да се фали и со изградени километри локални патишта, изоставувајќи го центарот на нашиот град.

Затоа за ставиме крај на ова лудило, за две недели, заедно му кажеме „ЧАО“ на Зоран Заев и неговиот розов свет. На 15-ти јули градот Струмица ќе го заокружи бројот 14! ВМРО-ДПМНЕ и кампањата „Исправи се Македонио“ се вистинскиот одговор, ова е вистинското одважување на народот, бидејќи после сето ова лудило, ни започнува – ОБНОВАТА.


 

Повеќе