Битола ВМРО ДПМНЕ: Шеќеринска не е никаков role model за младите

  1. Васко Мавровски ВМРО ДПМНЕ Битола

Колкав треба да Ви е очајот, колку треба да се чуствувате беспомошни за пак да им ја понудите Шеќеринска на битолчани?
Или пак толку е силна внатрепартиската олигархија, па таа вечна кандидатка, пратеничка, министерка, партиска функционерка мора да биде на сигурно пред големиот пораз на 15 јули.
И навистина, далеку од пристојно е и далеку од добро воспитание Шеќеринска да упатува пораки до младите, кога е вистински модел како со партиски интигри, со чистење на патот на паметните конкуренти таа и натаму е и ќе биде во позиција да работи посветено само на своите лични позиции и сопствената благосостојба. Тоа не е пример за младите, тоа не е патот на успехот и примерот на коj можат да се огледаат. Токму ваквите модели на функционирање во СДСМ, доведоа до искривените политики, па така денес младите во Битола се соочуваат со невработеност- СДСМ и локалната власт не донесоа ниту една инвестиција, ниту едно ново работно место, политичката уцена односно роднинската или блиската пријателска врска се единствениот критериум за вработување.
Младите се иднината, ама младите мора да бидат поддржани и мотивирани.
Госпоѓо Шеќеринска, за да ги расчистиме дилемите одговорете им на младите дали Васко Ковачевски ќе одговара за изнудата и рекетот на 250 илјади евра и дали можеби помеѓу десетиците, ако не и стотината кривични пријави од Боки 13 има кривична пријава и за Александар Кирацовски, досегашен пратеник и генерален секретар на СДСМ?

Повеќе