Зибери ветува изучување на албански од 5-то одделение и нова консензуална химна


Мултиетничка химна и задолжително учење на албански јазик од 5-то одделение се двата приоритети на ДУИ за мултиетничко општество во државата. Програмата пред стотици граѓани ја презентираше кандидатот за премиер Албанец Насер Зибери токму пред зградата на Владата симулирајки владина седница со која тој раководи. Од етничките прашања Зимбери вети и консензулано законодавство.

Ова значи дека 10-те стратешки државни институции ќе управуваат заеднички од еден Македонец и еден Албанец, со заеднички права за потпишување. Ќе се грижам за еднаква дистрибуција на јавните инвестиции. Ова значи дека главните економски одлуки (буџет, инвестиции, даноци) од страна на Владата не можат да бидат донесени без поддршка од мнозинството членови на албанскиот кабинет….Предлагаме да има задолжителни часови по албански јазик во секое училиште, почнувајќи од 5-то одделение… Еднакво место значи дека ние ја почитуваме мултиетничката и мултикултурната разновидност. Затоа предлагам да се постигне консензус за химната на нашата земја, да се рефлектира оваа разновидност – затоа што овој симбол не треба да биде симбол на исклучивост и нееднаквост, туку на сеопфатност и еднаквост.

Зимбери тврди дека ова е за добро и на Македонците и на Албанците. Програмата,која што рече не е партиска, има и економски мерки.

Од Алијансата на Албанците и денеска ветуваа дека казината ќе ги сместат само во хотели со 5 ѕвезди, подалеку од населени места.

Денес граѓанин на Македонија троши во просек 200 евра годишно на коцкање, а оваа сума постојано расте. Додека Македонија има најголем број казина по глава на жител во регионот, некои околни земји веќе ги затворија своите казина. Оваа Влада во засминување ги отвори вратите за тие казина и го пополни секој агол од нашите градови.

Од граѓанско –демократската унија пак, се залагаат за намалување на бројот на пратениците на 90, а во иднина и на 61, но и намалување на бројот на министрите.

Во ГДУ веруваме во мала, но ефикасна администрација. Тоа значи Влада со 15 министри, без министри без ресор.

Левица пак, своите ветувања ги испрати од Прилеп.

Партиска програма денеска ја престави и коалицијата „Никогаш северна само Македонија“, средба со граѓани во скопски Капиштец пак, ќе има Глас за Македонија на Солза Грчева

Извор:СителТв


  • Катерина Нешкова

Повеќе