Панова: Да не ја дадеме државата во рацете на некадарни луѓе


Ајде сите заедно да ја започнеме обновата на Македонија. Да се обединиме околу Програмата на ВМРО-ДПМНЕ затоа што за нас дадениот збор е: гаранција за реализација. Сето она што сме го ветиле упорно и вредно ќе го реализираме. Зад нашиот ветен збор стои тим на професионалци, учени луѓе со големо искуство и пред се патриоти предводени од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, господин Христијан Мицкоски – идниот премиер на Република Македонија“ – кажа во синоќешното обраќање пред струмичани, кандидатот за пратеник во Изборната единица 4 од Коалицијата „Обнова на Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова.

Таа ги повика струмичани на 15 јули да излезат масовно и да го заокружат број 14.

„Ова се најважните избори за нашата Македонија. Од голема важност е за сите нас во деновите кои ни претстојат да не ја дадеме државата во рацете на некадарни луѓе. Се работи за нас и нашите деца. Потребна ни е масовна поддршка за да не бидеме уценети“ – додаде Панова.


 

Повеќе