Крушево: Секој глас за ВМРО ДПМНЕ е глас за спас на Македонија

Билјана Проеска – Крушево, кандидатка за пратеничка на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија

Браќа земјаци и мили комшии, без разлика на вера пол и убедување, елате заедно под бајракот на Mакедонија,да ја исправиме и обновиме татковината.
Почутуван Г-дин Христијан Мицкоски, претседател на најголемата македонска партија ВМРО ДПМНЕ и иден премиер на Република Македонија,почитуван маестро Игор Дурловски, носител на ИЕ 5, почитувани коалициони партнери,стојам пред вас и врз коските на илинденците се обврзувам на победа во Крушево.Почитувани сограѓани,почитувани мои сопартијци,почитувани ветерани,почитувана Унија на Жени,почитувани и најзначајни членови на Унијата на млади сили, почитувани присутни од нашите убави и китни села, почитувани горди Македонци, застанете сигурно и смело зад мене и зад тимот на ВМРО ДПМНЕ за да заедно ја издвојуваме најголемата победа на 15 јули.Потребни сме на татковината како никогаш до сега,бидејки како никогаш до сега,не сме биле толку лесно,предадени,продадени,искрадени,омаловажени,навредени и
безимени.Всушност и никогаш до сега не бил полесен изборот.На нашата страна е светскиот и голем, амбасадорот на Македонската култура во светот,почитуваниот Игор Дурловски.А на нивната страна,жената бонбона,жената која 30 години ветува и лаже,жената која никако да успее да го најде патот до Европа,жената која убедливо ќе загуби на овие избори- Г-ѓа Радмила Шекеринска.
Драги Крушевчани,слушам деновиве истава госпоѓата е чест гостин во градов,со часови им седи во куќите на луѓето,ги убедува,или да бидам попрецизна ги моли да ја гласаат.Поздравете ја и пренесете и,оваа битка е битка за Македонија,оваа битка тие одамна ја изгубија.Во Крушево, градот на Питу и Карев, предавниците на македонштината не се добредојдени,и местото им е зад врата.
ВМРО ДПМНЕ, како просперитетна и партија на сигурна иднина, се обврзува за сигурен и безбеден живот на пензионерите,итни реформи во образованието,подостоен живот за здравствените работници,социјална грижа и заштита на ранливите категории на граѓани,поттикнување и унапредување на спортот како една од клучните алатки за здрав и среќен живот на младите,заштита на животната средина,како проблем од суштинско значење,бидејки луѓе како нас,луѓе патриоти, кои го сакаат својот народ,сакаат сопствените деца да им растат тука во Македонија,да растат во здрава и чиста животна средина.Проектот ,,Обнова за Македонија,, ветува и се обврзува за уште многу проекти кои се од витална важност за државата.Нашата земја треба да биде интегрирана и почитувана земја,земја која припаѓа на европското семејство земји,а нашиот јазик кој потекнува од јазичното семејство на индоевропски јазици, од праиндоевропскиот), да биде признат како наш мајчин јазик без апсолутно никакви компромиси и без никакво виткање на кичма.
Во проектот ,,Обнова за Македонија,,,ВМРО ДПМНЕ во Крушево предвидува Регионален научно образовен центар како една независна институција,посветена на развојот на научната култура,писменоста и образованието.Овој центар ќе биде отворен за млади од државата и регионот,со што потврдуваме дека приоритет за Крушево се младите и нивното задржување во градот.
Токму затоа,барам одговор од власта да каже до каде се со реализирање на Локалната младинска стратегија која сами ја изгласаа на 31 октомври 2018 година?Дали некој ќе понесе одговорност за исчезнување на ова тело и дали младите ви служат исклучиво за добивање на гласови, а не ви биле и не ви се приоритет.Тргнувајки од фактот дека се што ветија излажаа, дека во Крушево ниедна капитална инвестиција не донесоја,и не отворија ниедно работно место, ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата,ве повикува за заедничка борба против злото наречено СДСМ,ве повикува за нова и просперитетна држава,држава во која родителите ќе остарат покрај своите деца и нема Велигден,Божиќ и Бајрам да го чекаат на социјалните мрежи.
Бидејки, најстрашни се овие времиња кога самиот дом се претвора во туѓина,во џенем,во јабана.Кога човек е на своето огниште,а саштисан и отуѓен како змија да го полазила,кога е внатрешно раселено лице,кога т’гата не е поради отсуство туку поради присуство.Кога седи среде куќи, а на може да си ја препознае домата.Време е да си ја вратиме домата.
Ветуваме и се обврзуваме Македонија ќе биде наша единствена татковина,во која човекот кој стои гордо пред вас со високо крената глава Г-динот Христијан Мицкоски,ќе биде новиот премиер,кој нема да витка кичма и ќе стои исправено,гордо и чесно пред секој граѓанин на Македонија,во која сите ќе бидат еднакви пред законот и нема да има некои кои се секогаш пред другите.
На 15 јули секој глас даден за ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, е глас за спас на Македонија, глас за нова надеж и подобра иднина.

Повеќе