Битола ВМРО ДПМНЕ: Козаров го злоупотребува и работното место

– реакција на ВМРО ДПМНЕ Битола


Почитувани, Горан Козаров, во недостаток на идеи и немање вистинска можност да се пофали со сработеното, резултатите сопствени, а и резултатите на партијата на власт, повторно ги злоупотребува службените простории на ЈКП Водовод за партиски активности.
Претходно, Козаров без никакво стеснување и обзир, својата пратеничка кампања ја тераше во работно време, по реакциите во паника сам си направи ништовно решение за годишен одмор, итоа замислете во неработен ден. Сега, гледаме, иако е на “годишен одмор” тој службените простории ги користи за партиски цели.
Господине Козаров, ова е врв на самоволие, лицемерие и злоупотреба, а сеуште на граѓаните им должите одговор на прашањето: дали Вашата сопруга пред шест месеци е вработена како раководител на финансии во НУ Народен театар Битола?
Не е добро толку долго да ги игнорирате прашањата на граѓаните.

Повеќе